Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

34 години АРМ: Од „боси по трње“ до рамноправна и достојна членка на НАТО

August 16, 2026

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Шестмина новинари уапсени додека ги покривале протестите против Трамп

0
By Нова ТВ on January 25, 2017 СВЕТ
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Wednesday, January 25, 2017 14:50

По апсењето на новинарите Иван Ејнџел од медиумот „Вокатив“ и Алекс Рубинстајн од „РТ Америка“ во понеделникот, обвинети за прекршоци додека известувале за инаугурацијата на Доналд Трамп, уште четворица други се уапсени, пренесува „Гардијан“.

Додека ги покривале протестите за време на инаугурацијата, шестмината се соочуваат со казна од 10 години затвор и 25.000 долари, доколку бидат осудени.

Освен Ејнџел и Рубинстајн, уапсени се уште документарен продуцент, фоторепортер, линкаџија и репортер, а американските власти ги сомничат за учество во толпа која предизвикала неред.

Сите шестмина се сослушани од полицијата, и очекуваат рочишта во февруари и март.

„Обвиненијата се несоодветни и загрижени сме дека истите ќе испратат порака до новинарите кои во иднината ќе покриваат протести“, вели Карлос Лауриа, од Комитетот за заштита на новинарите. „Бараме од властите во Вашингтон да ги отфрлат обвиненијата“.

Продуцентот Џек Келер, кој работи на документарна серија „Приказната за Америка“, вели бил обвинет и во притвор околу 36 часа откако бил “фатен“ од полицијата во петокот наутро, и уапсен и покрај тоа што на полицијата и се претставил како медиумски работник.

„Непристоен беше начинот на кој бевме третирани“, потенцира тој.

Вкупно 200 луѓе беа уапсени во петокот, откако беше вандализиран државен имот во Вашингтон за време на инаугурацијата на Трамп.

Полицијата пак, извести дека шестмина офицери виле полесно повредени.

Џеф Сешнс
Џеф Сешнс

Во ниеден од полициските извештаи за шестмината новинари, нема специфично обвинение кое објаснува што направиле погрешно додека ги покривале протестите.

Засега нема реакција за апсењата од Канцеларијата на новиот јавен обвинител, Џеф Сешнс.

Ејнџел и Рубинстајн во судница ќе се најдат во средината на февруари, додека Џек Келер, Мет Хопард, Арон Канту и Шеј Хорс во судот ќе се најдат околу средината на март.

Доналд Трамп инаугурација Комитет за заштита на новинарите протести Џеф Сешнс
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Европската интеграција во маѓепсан круг: Реториката на Мицкоски и цената на изгубеното време

October 17, 2026

Бред Пит од Бит-пазар

October 17, 2026

НЕ СЕ ПРОПУШТА: Значајни изданија на ЦИВИЛ и Frontline Press со неверојатен попуст во книжарницата „Или-Или“

October 16, 2026

Од нордиски звучни пејзажи до ремикс во живо: Вечерва три концерти на Скопскиот џез-фестивал

October 16, 2026

Брифинг на ЦИВИЛ за „војната во сенка“ – ескалација на нападите врз системите за поддршка на Украина

October 16, 2026
shortcut
ФОКУС
September 30, 2026Updated:September 30, 2026

Мицкоски пред средбата со Фон дер Лајен: Подготвени сме за разговор и решение, обврските ги наследивме од претходната власт

ПОЛИТИКА September 30, 2026

Претседателката на Европската комисија Урсула фон дер Лајен в петок, 2 октомври, ќе престојува во…

Исланд гласа за или против обновување на преговорите за членство во Европска Унија

August 29, 2026

Техеран го повика Вашингтон да признае воен пораз

August 16, 2026

Букурешт: Дуња Иванова четврта на Балканот во МТБ маратон во Романија – 73 км. должина и 2.400 м. висинска разлика

August 15, 2026
ТИКЕР

Европската интеграција во маѓепсан круг: Реториката на Мицкоски и цената на изгубеното време

October 17, 2026

Бред Пит од Бит-пазар

October 17, 2026

НЕ СЕ ПРОПУШТА: Значајни изданија на ЦИВИЛ и Frontline Press со неверојатен попуст во книжарницата „Или-Или“

October 16, 2026

Од нордиски звучни пејзажи до ремикс во живо: Вечерва три концерти на Скопскиот џез-фестивал

October 16, 2026

Брифинг на ЦИВИЛ за „војната во сенка“ – ескалација на нападите врз системите за поддршка на Украина

October 16, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.