Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

34 години АРМ: Од „боси по трње“ до рамноправна и достојна членка на НАТО

August 16, 2026

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Шпанија пред голем тест, Каталонија денеска бара целосна независност

1
By Нова ТВ on October 1, 2017 СВЕТ
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Sunday, October 1, 2017 09:21

Каталонија утрово е раздвижена. Илјадници граѓани во редици чекаат пред изборни места за да гласаат на референдумот за независност и покрај напорите на шпанската влада да го скрши секој обид за гласање.

Бирачките места предвидено е да се отворат во девет часот по локално време, но се уште е неизвесно дали гласањето ќе биде одржано.

Шпанската полиција испрати засилување, а во Барселона уште од утрото кон Каталонија се упатени и стотици полициски возила.

Изборната комисија за надгледување на гласањето е расформирана, а илјадници полицајци се распоредени да блокираат влез во изборни места.

Лидерот на Каталонија Карлес Пучдемон вети дека референдумот за независност на Каталонија, во која живеат 7,5 милиони луѓе, ќе се одржи иако Уставниот суд на Шпанија одлучи дека гласањето е неуставно.

Конзервативната влада на шпанскиот премиер Маријано Рахој смета дека референдумот е нелегален и вети дека ќе направи се за да биде спречено гласање.

Шпанската полиција доби наредба да ги испразни сите згради каде се собираат приврзаници на референдумот, а како ќе се однесуваат тие за таа наредба е клуч за успехот или пропаст на планираниот референдум.

Лидерот на Каталонија во 2014 година, Артур Мас организираше необврзувачки референдум на кој повеќе од 80 отсто гласаа за отцепување од Шпанија, но според противниците на оваа идеја, Каталонија, Баскија и Галиција се области кои внатре во Шпанија веќе имаат голема автономија.

Каталонија референдум Шпанија
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

ЕУ не сака „нов Орбан“: Нови механизми за заштита на демократијата и владеењето на правото

October 7, 2026

Врсничко насилство – што покажуваат бројките?

October 7, 2026

ЦИВИЛ МЕДИА: Мицкоски уште на старт го постави дијалогот со Софија на стаклени нозе

October 5, 2026

Изборите во БиХ не донесоа пресврт: Додик останува силен фактор, европскиот пат под знак прашалник

October 5, 2026

Франција: Нов бран ученички и студентски протести најавен за 6 октомври

October 4, 2026
shortcut
ФОКУС
September 30, 2026Updated:September 30, 2026

Мицкоски пред средбата со Фон дер Лајен: Подготвени сме за разговор и решение, обврските ги наследивме од претходната власт

ПОЛИТИКА September 30, 2026

Претседателката на Европската комисија Урсула фон дер Лајен в петок, 2 октомври, ќе престојува во…

Исланд гласа за или против обновување на преговорите за членство во Европска Унија

August 29, 2026

Техеран го повика Вашингтон да признае воен пораз

August 16, 2026

Букурешт: Дуња Иванова четврта на Балканот во МТБ маратон во Романија – 73 км. должина и 2.400 м. висинска разлика

August 15, 2026
ТИКЕР

ЕУ не сака „нов Орбан“: Нови механизми за заштита на демократијата и владеењето на правото

October 7, 2026

Врсничко насилство – што покажуваат бројките?

October 7, 2026

ЦИВИЛ МЕДИА: Мицкоски уште на старт го постави дијалогот со Софија на стаклени нозе

October 5, 2026

Изборите во БиХ не донесоа пресврт: Додик останува силен фактор, европскиот пат под знак прашалник

October 5, 2026

Франција: Нов бран ученички и студентски протести најавен за 6 октомври

October 4, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.