Атлетик во Билбао ја порази Барселона со 2:1 во првиот осминафинален меч во Купот на Шпанија. Баскијците за само три минути во првиот дел успеаја двапати да го пробијат составот на Луис Енрике. Адуриз погоди во 25 минута, Вилијамс во 28-та што до крајот беа доволни за триумф. Единствениот за гостите го постигна Лионел Меси од слободен удар во 52 минута.
Барселона имаше одлична шанса да избегне пораз на „Сан Мамеш“. Атлетик го заврши мечот со дури двајца фудбалери помалку на теренот по исклуувањата на Раул Гарсија во 74 минута и Итураспе во 82 минута, но Меси, кој во финишот на средбата погоди статива, не успеаја до втор гол. Реваншот е за шест дена на „Камп Ноу“.