Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Украинската амбасадорка Дир: Милиони животи се загрозени поради студот и темнината

October 30, 2026

34 години АРМ: Од „боси по трње“ до рамноправна и достојна членка на НАТО

August 16, 2026

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Шпанското обвинителство издаде налог за апсење на Пучдемонт

0
By Нова ТВ on November 2, 2017 СВЕТ
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Thursday, November 2, 2017 17:54

Шпанското обвинителство побара затворање, без можност за кауција, на осум екс министри на разрешената каталонска Влада и, според шпанските медиуми, издаде налог за апсење на на екс претседателот на Каталонија Карлес Пучдемонт кој се наоѓа во Белгија.

Членовите на разрешената каталонска Влада без повикани денес во Мадрид пред Врховниот суд на Шпанија. Обвинителството ги обвинува за “побуна” и “непослушност”. На барање на адвокатите одлуката на судот беше одложена за 9 ноември.

За тоа време во Барселона се одржуваат протести како поддршка на разрешените министри.

Пред судот во Мадрид денес се појавија шестмина министри помеѓу кои и претседателката на каталонскиот Парламент Карме Форкадел во рамките на судската процедура отворена на 27 октомври, денот кога Парламентот прогласи независност на регионот.

Во судот не се појави Пучдемонт како и други четворица екс министри. Тој во понеделникот допатува во Брисел каде одржа прес конференција на која информираше дека нема да бара политички азил во Белгија но побара гаранции за фер судење во Шпанија обвинувајќи го шпанското судство за политизирано. Во меѓувреме тој останува во Белгија, информираше неговиот белгиски адвокат Пол Бекерт.

Во средата вечер Пучдемонт изјави дека Шпанија води “политички процес” па поради тоа тој нема да одговори на повикот на шпанскиот суд. Преку соопштение тој вели дека Шпанија сака да направи поделба помеѓу каталонските министри. Некои од нив “ќе одат за да покажат дека шпанското судство гони политички определби”  а другите “ќе останат во Брисел за да ја запознаат меѓународната јавност со овој политички судски процес”, вели Пучдемонт.

Според белгискиот весник “La Libre Belgique”, екстрадицијата на Пучдемонт нема да оди така лесно.

По издавањето на европскиот налог за аспење на Пучдемонт, белгиското судство ќе треба да одлучи дали позитивно ќе одговори на ова барање на Шпанија. Белгиското судство е независно и политиката не може да игра улога во одлуката на белгискиот суд, но извесно е дека одлуката ќе донесе дипломатски последици помеѓу Белгија и Шпанија.

Според адвокатот Денис Боске, во изјава за белгискиот медиум, за да може да има екстрадиција белгиското право треба исто така да ги признава обвиненијата како престапи. Но, во овој случај, обвиненијата за “побуна” и “непослушност” за белгиското судство остануваат нејасни. Членот 5 на белгискиот закон, со кој се транспонира европскиот мандат за апсење, содржи список од 32 престапи помеѓу кои не се наоѓаат “побуната” и “непослушноста”.

“Се ќе зависи од начинот на кој шпанското судство ќе го образложи европскиот мандат”, објаснува адвокатот Боске, експерт по кривично право. “Белгискиот судија може да го одбие шпанското барање доколу смета дека оваа одлука може да ги наруши фундаменталните права и особено правото на фер судење”, вели медиумот. Со оглед на оваа специфика на белгиското право станува јасно зошто Пучдемонт дојде во Белгија и го ангажираше адвокатот Бекерт, експерт за човекови права.

европски налог за аспење Карлес Пучдемонт Каталонија обвинтелство Шпанија
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

КРВАВ МАСАКР ВО КРАКОВ: Шестмина убиени на плоштадот, три тела пронајдени во домот на напаѓачот

November 8, 2026

„Блунами“ во САД: Нов инфографик на ЦИВИЛ МЕДИА за изборниот пресврт и последиците за Трамп

November 4, 2026

Случај Алта банка: Опозицијата бара оставки, истраги и одговорност од власта

November 3, 2026

Училиште и засолниште под руски бомби: 29 загинати во Комишуваха, нови напади врз цивилите во Украина

November 3, 2026

Избори во САД: Меѓу доминација на Трамп и политичка рамнотежа во Вашингтон

November 3, 2026
shortcut
ФОКУС
September 30, 2026Updated:September 30, 2026

Мицкоски пред средбата со Фон дер Лајен: Подготвени сме за разговор и решение, обврските ги наследивме од претходната власт

ПОЛИТИКА September 30, 2026

Претседателката на Европската комисија Урсула фон дер Лајен в петок, 2 октомври, ќе престојува во…

Исланд гласа за или против обновување на преговорите за членство во Европска Унија

August 29, 2026

Техеран го повика Вашингтон да признае воен пораз

August 16, 2026

Букурешт: Дуња Иванова четврта на Балканот во МТБ маратон во Романија – 73 км. должина и 2.400 м. висинска разлика

August 15, 2026
ТИКЕР

КРВАВ МАСАКР ВО КРАКОВ: Шестмина убиени на плоштадот, три тела пронајдени во домот на напаѓачот

November 8, 2026

„Блунами“ во САД: Нов инфографик на ЦИВИЛ МЕДИА за изборниот пресврт и последиците за Трамп

November 4, 2026

Случај Алта банка: Опозицијата бара оставки, истраги и одговорност од власта

November 3, 2026

Училиште и засолниште под руски бомби: 29 загинати во Комишуваха, нови напади врз цивилите во Украина

November 3, 2026

Избори во САД: Меѓу доминација на Трамп и политичка рамнотежа во Вашингтон

November 3, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.