Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

34 години АРМ: Од „боси по трње“ до рамноправна и достојна членка на НАТО

August 16, 2026

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Шпигел: Германија ја шпионирала Белата куќа

0
By Нова ТВ on June 22, 2017 СВЕТ
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Thursday, June 22, 2017 14:39

Германската разузнавачка служба (БНД) долго време шпионирала повеќе високи функционери и компании во Соединетите Американски Држави, вклучувајќи ја и Белата куќа, објави денес магазинот „Шпигл“.

„Шпигл“ пренесува дека имал увид во документите кои што покажуваат дека германсакта разузнавачка служба имала листа од околу 4 илјади „избрани клучни зборови“ за надгледување во периодот од 1998-ма до 2006-та година. Тоа вклучувало броеви на телефони или факсови, мејл адреси на Белата куќа како и министри за финансии и надворешни работи.

Меѓу другите „мети“ на германските разузнавачки служби се најдоа воени институции, вклучувајќи ги американските воздухопловни сили и морнарицата, НАСА, како и организацијата “Human Rights Watch”. Агенцијата „АФП“ пренесува дека од БНД не сакале да дадат коментар во врска со овие тврдења на „Шпигл“.

„Шпигл“ кон крајот на февруари објави дека германската тајна служба долго време ги шпионирала новинарите на BBC, New York Times, Reuters и други странски медиуми. Повикувајќи се на документите во кои што имале увид, неделникот тогаш пишувал дека БНД имале најмалку 50 телефонски броеви, факсови и мејл адреси на новинари или редакции ширум светот на својата таканаречена листа на „селектори“ во 1999-та година.

Како што е наведено, мета на шпионирањето на германските тајни служби биле неколку броеви од редакцијата на BBC во Лондон и Авганистан, потоа New York Times во Авганистан, како и редакциите на Reuters во Авганистан, Пакистан и Нигерија. Од BBC реагираа и соопштија дека се разочарани од ваквите информации и ги повикаа сите влади да ја почитуваат слободата на медиумите.

Организацијата „Репортери без граници“ ги окарактеризира информациите за шпионирањето како „монструозен напад на слободата на медиумите“, а германската разузнавачка служба ниту тогаш не сакаше да ги коментира тие обвинувања.

Германската влада остро реагираше кога во 2013-та година протече информацијата на Едвард Сноуден според која американски агенти прислушкувале ширум светот, вклучувајќи го и мобилниот телефон на Ангела Меркел. Француската агенција „АФО“ пренесува дека тогаш токму од БНД им помогнале на американците, поточно агенцијата „НСА“ да ги шпионира европските сојузници.

Америка Белата куќа Германија Шпигел
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

77-ми протест против владата на Еди Рама

August 16, 2026

Анкета: Турската опозициска „Нова партија“ води со речиси осум отсто пред партијата на Ердоган

August 14, 2026

Масовен сајбер напад во Полска, украдени се медицински податоци на 19 милиони граѓани

August 13, 2026

Најмалку седум мртви во нападот врз училиште во Тајланд

August 7, 2026

СОЗИС: Украинците повеќе им веруваат на генералите отколку на Зеленски

August 7, 2026
shortcut
ФОКУС
August 16, 2026

Техеран го повика Вашингтон да признае воен пораз

ВЕСТИ August 16, 2026

Ормускиот теснец ќе се отвора и затвора исклучиво под команда на Иран, изјави заменик-шефот на…

Букурешт: Дуња Иванова четврта на Балканот во МТБ маратон во Романија – 73 км. должина и 2.400 м. висинска разлика

August 15, 2026

Њујорк Тајмс: Европа смислува свој формат за преговори за Украина

August 15, 2026

Поглед од морето кон Омиш во пламен – спасувачите објавиja морничава снимка

August 15, 2026
ТИКЕР

77-ми протест против владата на Еди Рама

August 16, 2026

Анкета: Турската опозициска „Нова партија“ води со речиси осум отсто пред партијата на Ердоган

August 14, 2026

Масовен сајбер напад во Полска, украдени се медицински податоци на 19 милиони граѓани

August 13, 2026

Најмалку седум мртви во нападот врз училиште во Тајланд

August 7, 2026

СОЗИС: Украинците повеќе им веруваат на генералите отколку на Зеленски

August 7, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.