Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Штипската болница по европски пари за две Одделенија

0
By Нова ТВ on August 4, 2018 ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Штипската Клиничка болница, преку проекти од Програмата за меѓугранична соработка Македонија – Бугарија, бара европски пари за два проекта.

Директорот Ален Ѓеорѓијев вели дека проектите се аплицирани во соработка со Центарот за развој на Источно-планскиот регион и се однесуваат за реновирање на Инфективното одделение и за набавка на апарати за физикална терапија.

„Едниот проект е за реконструкција на Инфективното одделение тежок 140.000 евра, кој се надевам дека ќе го добиеме. Тоа е таа зграда која што ќе остане надвор од новиот објект на Клиничка болница-Штип и што треба да ја реновираме како што треба“, вели Ѓеорѓијев.

Во моментот во зградата на Инфективното одделение, која е градена за да ги задоволи капацитетите на пациентите за целиот источен регион е сместено и Одделението за неврологија што, според Ѓеорѓијев, ќе биде преселено во новата зграда на Клиничка болница-Штип. Вториот проект е за набавка на апарати за Одделението за физикална терапија.

„Тоа е проект во вредност од 20.000 евра со кој е предвидена замена на целокупната медицинска опрема за физикална терапија, вели  Ѓеорѓијев.

Штипската Клиничка болница, но и општините, јавните претпријатија и останатите државни институции од источниот регион резултатите од аплицирањето за средства од Програмата за меѓугранична соработка Македонија – Бугарија ќе ги знаат за два месеца.

болница здравство проекти реновирање Штип
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Меркел: Дали Путин ќе ја нападнеше Украина ако не се случеше пандемијата?

October 6, 2025

Се преврте чамец со 11луѓе во Дунав кај Бачка Паланка, има настрадани

October 6, 2025

Довербата во германската владина коалиција падна на рекордно ниско ниво

October 5, 2025

Турските власти го забранија концертот на Роби Вилијамс во Истанбул поради безбедносни причини

October 5, 2025

„Златна треска“ во приморкса Бугарија по веста дека поплавата однела сеф со милиони лева и со и златни прачки

October 5, 2025
ФОКУС

НБ: Преку СЕПА, од утре побрзи и поевтини плаќања во евра за граѓаните и компаниите

ВЕСТИ October 6, 2025

Започнувајќи од утре, граѓаните и компаниите ќе можат да ги извршуваат плаќањата во евра со…

Во Египет почнаа индиректни преговори помеѓу Израел и Хамас

October 6, 2025

По само нецел месец францускиот премиер Себастијан Лекорну поднесе оставка

October 6, 2025

Израел и Хамас почнуваат преговори во Египет за мировниот план на Трамп за Газа

October 6, 2025
ТИКЕР

Меркел: Дали Путин ќе ја нападнеше Украина ако не се случеше пандемијата?

October 6, 2025

Се преврте чамец со 11луѓе во Дунав кај Бачка Паланка, има настрадани

October 6, 2025

Довербата во германската владина коалиција падна на рекордно ниско ниво

October 5, 2025

Турските власти го забранија концертот на Роби Вилијамс во Истанбул поради безбедносни причини

October 5, 2025

„Златна треска“ во приморкса Бугарија по веста дека поплавата однела сеф со милиони лева и со и златни прачки

October 5, 2025
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.