Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Што донесе Давос: Добра волја, отстапки и подготвеност за решение

4
By Нова ТВ on January 25, 2018 ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Отстапки на двете земји, подигнување на преговорите на ниво на шефови на дипломатии, но и цврста заложба за интензивирање на процесот за решавање на спорот за името, договорија на вчерашната прва директна средба премиерите на Македонија и на Грција, Зоран Заев и Алексис Ципрас, која се одржа на маргините на Светскиот економски форум во Давос.

Македонија ќе ги преименува аеродромот и автопатот, а Грција покажа добра волја да и овозможи на нашата земја да ја зголеми соработката со Европската унија и другите меѓународни институции.

– Владата ќе ги преименува аеродромот и автопатот, рече Заев по средбата и додаде дека отсега автопатот ќе се вика „Пријателство“. Според него, ова е доказ за фактот дека немаме теориторијални аспирации кон нашиот сосед.

Ципрас изјави дека како знак на добра волја Грција ќе ги откочи процесите кои се однесуваат на можностите за напредок на Македонија во евроинтеграциите. Ги спомена ратификацијата на втората фаза на Спогодбата за стабилизација и асоцијација во грчкиот Парламент, отворањето на можноста за македонското членство во Јадранско-јонската иницијатива за соработка, како и отворањето на граничниот премин во Преспа.

ССА, која стапи во сила уште во 2004 година е всушност рамката за договорните односи се до приемот на Република Македонија во членство во ЕУ.

Во Давос деблокирана втората фаза од Спогодбата за соработка со ЕУ

Македонија, пак, како членка на ЈЈИ би добила можност да ја продлабочи билатералната соработка со другите членки, кои се меѓу најважните македонски партнери во меѓународната економска соработка и трговија и на меѓународно-политички план, но и рамноправно да учествува во обмислувањето на стратешката развојна ориентација на регионот на кој му припаѓа, преку активна улога во органите на ЈЈИ (Комитет на високи функционери и Министерски форум).

Сложено ерга омнес име и справување со иредентизмот во сите облици, побара Ципрас од Заев во Давос. Грчкиот премиер повтори дека за евроатлантската перспектива на Македонија потребно е прво да се затвори проблемот со името и тоа во целост.

Преговорите за името, пак, се подигнуваат на повисоко ниво и во натамошниот процес ќе учествуваат министрите за надворешни работи на двете земји, Никола Димитров и Никос Коѕијас.

Во меѓувреме, медијаторот Метју Нимиц вчера преку соопштение официјално ги потврди посетите на Атина и Скопје.

Специјалниот претставник на ОН, на 29 јануари ќе ја посети Атина, а по три дена на 1 февруари во Скопје ќе има средби со државниот врв. Агендата за неговата посета се уште е во фаза на услогласување.

На последната рудна разговори за името што се одржа на 17 јануари во Њујорк медијаторот Нимиц излезе со сет сугестии и предлози и оцени дека на повидок е решение на долгогодишниот спор меѓу Грција и Македонија.

По прва директна средба на премиерите на Македонија и на Грција, најавена е координација на македонскиот државен и политички врв во сабота во Клубот на пратениците во Скопје. На средбата која е иницирана од МНР ќе присуствуваат и претседателот Ѓорѓе Иванов и лидерот на опозициската ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицковски.

Први реакции од Брисел

„Средбата на Ципрас и Заев е добра вест. Таа покажува храброст, визија и државотворност. Решавањето на ова прашање кое и предолго трае ќе биде добро за двете земји, за регионот и за Европа“

Ова го напиша на Твитер еврокомесарот Јоханес Хан по средбата на премиерите на Македонија и Грција во Давос. Предвидено е Заев во Давос да се сретне и со Хан.

Давос Заев средба Ципрас
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Пукотници на универзитет во Пенсилванија: Една жртва и шест повредени

October 26, 2025

Двајца словенечки министри дадоа оставки по убиството во Ново Место

October 26, 2025

Косовското собрание не го избра Курти за премиер

October 26, 2025

Француската полиција уапсила двајца осомничени за грабежот во Лувр

October 26, 2025

Лидерите на Тајланд и Камбоџа потпишаа проширен договор за прекин на огнот во присуство на Трамп

October 26, 2025
ФОКУС

Трамп до Путин: Нема да губам време

ВЕСТИ October 26, 2025

 Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека нема да се сретне со рускиот претседател Владимир Путин…

Родителите на загинатите во „Пулс“: Каде беа институциите кога ни изгореа децата?

October 25, 2025

Католичките свештеници за помалку од пет години сексуално злоупотребиле 4.451 лица

October 24, 2025

Данела Арсовска: Советот на Град Скопје и Управниот одбор се одговорни за состојбата во „Комунална хигиена“

October 23, 2025
ТИКЕР

Пукотници на универзитет во Пенсилванија: Една жртва и шест повредени

October 26, 2025

Двајца словенечки министри дадоа оставки по убиството во Ново Место

October 26, 2025

Косовското собрание не го избра Курти за премиер

October 26, 2025

Француската полиција уапсила двајца осомничени за грабежот во Лувр

October 26, 2025

Лидерите на Тајланд и Камбоџа потпишаа проширен договор за прекин на огнот во присуство на Трамп

October 26, 2025
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.