Се верува дека странски сајбер-криминалци биле вмешани во хакирање на девет организации за одбрана, за енергија, за здравство, за технологија и за образование, јави „Си-Ен-Ен“.

Телевизиската мрежа цитира податоци од „Пало Алто Нетворкс“ (Palo Alto Networks), специјализирана за информатичка безбедност, при што се вели дека најмалку една од засегнатите организации се наоѓа во САД.

Во конкретниот случај, наводните криминалци украле лозинки за да имаат долгорочен пристап до релевантни компјутерски системи, рече Рајан Олсон, портпарол на „Пало Алто Нетворкс“.

Ова ќе им овозможи на хакерите да пресретнат доверливи информации испратени по електронска пошта или складирани во компјутерите на нападнатите организации.