Во Љубљана паднаа 88 литри на метар квадратен, што, според проценките, е нешто што се случува еднаш во 250 години. Според метеорологот Рок Носан, на некои места за кратко време паднало повеќе дожд отколку за вкупно два месеца.

Силно невреме синоќа ја зафати Словенија и поплави повеќе од 500 згради во Љубљана. Дежурните служби примиле над 2.700 повици од граѓани помеѓу 20 часот и полноќ, но според досегашните податоци нема повредени, јавуваат словенечките медиуми.

Поплавени се патишта, станови, подземни гаражи, училишта, градинки, индустриски погони, магацини, а бројни автомобили се уништени по синоќешните обилни врнежи од дожд за краток временски период.

Во Љубљана паднаа 88 литри на метар квадратен, што, според проценките, е нешто што се случува еднаш во 250 години. Според метеорологот Рок Носан, на некои места за кратко време паднало повеќе дожд отколку за вкупно два месеца.

Невремето предизвика големи проблеми и во другите делови на Словенија. Метеоролозите најавуваат помали врнежи за денеска, а попладне се очекува разведрување.