Поранешниот италијански премиер, Силвио Берлускони (85) е хоспитализиран во Милано. Ден по објавата дека нема да се кандидира на претседателските избори, Берлускони е примен во болница на рутински контроли, јави агенцијата АНСА.

Берлускони, кој мина четири мандати на премиерската функција, беше подложен на комплицирана операција на срцето во 2016 година и преживеа рак на простата.

Лани беше хоспитализиран во неколку наврати, откако во 2020 година се инфицира со коронавирус.