Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

„Сините“ на Конте без компас во Рим: Рома го збриша Челзи (Видео)

0
By Нова ТВ on November 1, 2017 СПОРТ
Фото: uefa.com
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Рома го декласира Челзи со 3:0 в0 дербито на групата Ц и воопшто на вечерта во Лигата на шампиони (ЛШ) на УЕФА. Два гола за римјаните постигна Стефан ел Шарави, во листата на стрелци се запиша и Диего Пероти за преземање на лидерската позиција на табелата на две кола до крај на групната фаза.

„Волчицата“ поведе по само неколу додавања на нејзините фудбалери. Ел Шарави со удар од дистанца го совлада Тибо Куртоа во 39 секунда, а во 36 минута повторно подари причина за еуфорија на трибините на „Олимпико“. Асистент при првиот погодок беше Един Џеко, улога што при постигнување на вториот ја имаше Раџа Најнголан.

https://www.youtube.com/watch?v=s2ueasLGsdo

Изненадување приреди екипата на Карабаг која одигра 1:1 против Атлетико на „Ванда Метрополитано“ во Мадрид.

Баерн Минхен и ПСЖ, пак, се први екипи што обезбедија осминафинале во ЛШ. Баварците го совладаа Селтик во Глазгов со 2:1, а „светците“ во Париз го торпедираа Андерлехт со 5:0 и во преостанатите две кола има преостанува само борба за првото место во групата Б.

На чекор до најдобрите 16 се наоѓа и Манчестер јунајтед по триумфот над Бенфика со 2:0. Но, осминафиналната промоција на „црвените ѓаволи“ ја одложи ЦСКА Москва чии фудбалери, со пресврт, славеа над Базел со 2:1 во групата А.

Победник немаше во двата меча од четвртото коло во групата Д. Олимпијакос и Барселона одиграа 0:0 во Пиреја, по еден гол постигнаа Спортинг и Јувентус во Лисабон. Цел натпревар за португалскиот состав одигра Стефан Ристовски.

Лига на шампиони – 4 коло

Вечерва играат

Група А

Манчестер јунајтед – Бенфика 2:0

Базел – ЦСКА Москва 1:2

Табела: Манчестер јунајтед 12, Базел 6, ЦСКА Москва 6, Бенфика 0.

Идно коло (22 ноември): Базел – Манчестер јунајтед, ЦСКА Москва – Бенфика.

Група Б

Селтик – Баерн Минхен 1:2

ПСЖ – Андерлехт 5:0

Табела: ПСЖ 12, Баерн Минхен 9, Селтик 3, Андерлехт 0.

Идно коло (22 ноември): ПСЖ – Селтик, Андерлехт – Баерн Минхен.

Група Ц

Рома – Челзи 3:0

Атлетико Мадрид – Карабаг 1:1

Табела: Рома 8, Челзи 7, Атлетико Мадрид 3, Карабаг 2.

Идно коло (22 ноември): Атлетико Мадрид – Рома, Карабаг – Челзи.

Група Д

Олимпијакос – Барселона 0:0

Спортинг Лисабон – Јувентус 1:1

Табела: Барселона 10, Јувентус 7, Спортинг Лисабон 4, Олимпијакос 1.

Идно коло (22 ноември): Јувентус – Барселона, Спортинг Лисабон – Олимпијакос.

Лига на шампиони Рома фудбал Челзи
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Пукотници на универзитет во Пенсилванија: Една жртва и шест повредени

October 26, 2025

Двајца словенечки министри дадоа оставки по убиството во Ново Место

October 26, 2025

Косовското собрание не го избра Курти за премиер

October 26, 2025

Француската полиција уапсила двајца осомничени за грабежот во Лувр

October 26, 2025

Лидерите на Тајланд и Камбоџа потпишаа проширен договор за прекин на огнот во присуство на Трамп

October 26, 2025
ФОКУС

Трамп до Путин: Нема да губам време

ВЕСТИ October 26, 2025

 Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека нема да се сретне со рускиот претседател Владимир Путин…

Родителите на загинатите во „Пулс“: Каде беа институциите кога ни изгореа децата?

October 25, 2025

Католичките свештеници за помалку од пет години сексуално злоупотребиле 4.451 лица

October 24, 2025

Данела Арсовска: Советот на Град Скопје и Управниот одбор се одговорни за состојбата во „Комунална хигиена“

October 23, 2025
ТИКЕР

Пукотници на универзитет во Пенсилванија: Една жртва и шест повредени

October 26, 2025

Двајца словенечки министри дадоа оставки по убиството во Ново Место

October 26, 2025

Косовското собрание не го избра Курти за премиер

October 26, 2025

Француската полиција уапсила двајца осомничени за грабежот во Лувр

October 26, 2025

Лидерите на Тајланд и Камбоџа потпишаа проширен договор за прекин на огнот во присуство на Трамп

October 26, 2025
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.