Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Сирија: Руски бродови се повлекуваат од базите, инспекторите на терен

0
By Нова ТВ on April 12, 2018 СВЕТ
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Две екипи истражители од Организацијата за забрана на хемиско оружје (ОПЦВ) денеска и утре треба да пристигнат во Сирија, за да го истражат наводниот смртоносен хемиски напад во градот Дума, соопшти сирискиот амбасадор во ОН, Башар Џафари.

Овие две групи ќе пристигнат во Сирија одделно, денеска и во петок наутро.

Според него, сириските власти „се подготвени да ги спроведат секаде каде што сакаат, кога ќе посакаат, и веднаш штом ќе посакаат“.

Џафари додаде дека од ОПЦВ во сириската Амбасада во Брисел биле испратени четири пасоши и оти визи биле веднаш издадени. Покрај тоа, Сирија е подготвена да издава визи на инспектори и на границата со Либан, информира амбасадорот.

ОПЦВ потврди дека нејзини инспектори од сабота ќе почнат со работа на терен во Сирија.

Во меѓувреме, руските воени бродови ја напуштиле воено-морската база Тартус во Сирија поради безбедност, изјави руски пратеник.

Се работи за 11 воени бродови на руската армија стационирани во тоа пристаниште.

Таму се стационирани и противракетни системи С-300 и С-400.

 Опасна зона за летови над Средоземното Море на височина до 8.000 метри е воведена јужно од Кипар заради активности на британски армиски сили, јави ТАСС повикувајќи се на извори.– Активната воена дејност на британски армиски сили јужно од Кипар е причина за опасна зона над морето на височина до 8.000 метри. Опасната зона ќе биде од 12 април до 1 мај, навел изворот.

Според него, Евроконтрол веќе објавила соодветна информација.

Генералниот секретар на НАТО Јенс Столтенберг денеска изјави дека силно ја осудуваат употребата на хемиско оружје во Сирија и дека тоа е закана за меѓународниот мир и безбедност.

– Го повикуваме сирискиот режим и неговите поддржувачи да дозволат укажување меѓународна медицинска помош и меѓународни набљудувачи, додаде тој.

Столтенберг ги повика виновниците за употреба на хемиско оружје да понесат одговорност.

– Треба да ја заштитиме забраната за хемиско оружје, истакна генералниот секретар на Алијансата.

Шведска денеска поднесува нацрт резолуција во ОН за испраќање мисија на Светската органзиација во Сирија за да се ослободи таа држава од хемиско оружје „еднаш засекогаш“, јави АФП кои имале увид во текстот.

Предлогот е презентиран пред затворениот состанок на СБ на ОН на кој ќе се разговара за заканите за воена акција против Сирија.

Ситуација Сирија: Дали светот е на прагот на трета светска војна

Ситуацијата во Сирија и натаму е тензична, по заканите на американскиот претседател Доналд Трамп дека се подговени воено да одговорат на хемискиот напад во Дума, а на што поддршка најавија дека ќе дадат и повеќе европски земји.

инспектори Русија Сирија
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Пукотници на универзитет во Пенсилванија: Една жртва и шест повредени

October 26, 2025

Двајца словенечки министри дадоа оставки по убиството во Ново Место

October 26, 2025

Косовското собрание не го избра Курти за премиер

October 26, 2025

Француската полиција уапсила двајца осомничени за грабежот во Лувр

October 26, 2025

Лидерите на Тајланд и Камбоџа потпишаа проширен договор за прекин на огнот во присуство на Трамп

October 26, 2025
ФОКУС

Трамп до Путин: Нема да губам време

ВЕСТИ October 26, 2025

 Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека нема да се сретне со рускиот претседател Владимир Путин…

Родителите на загинатите во „Пулс“: Каде беа институциите кога ни изгореа децата?

October 25, 2025

Католичките свештеници за помалку од пет години сексуално злоупотребиле 4.451 лица

October 24, 2025

Данела Арсовска: Советот на Град Скопје и Управниот одбор се одговорни за состојбата во „Комунална хигиена“

October 23, 2025
ТИКЕР

Пукотници на универзитет во Пенсилванија: Една жртва и шест повредени

October 26, 2025

Двајца словенечки министри дадоа оставки по убиството во Ново Место

October 26, 2025

Косовското собрание не го избра Курти за премиер

October 26, 2025

Француската полиција уапсила двајца осомничени за грабежот во Лувр

October 26, 2025

Лидерите на Тајланд и Камбоџа потпишаа проширен договор за прекин на огнот во присуство на Трамп

October 26, 2025
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.