Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Сите пратеници на ДУИ ќе гласаат за владата

0
By Нова ТВ on August 25, 2020 ВЕСТИ
Фото: dw.com
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Завршиле недоразбирањата во Демократската унија за интеграција (ДУИ), тимот на предложени министри останува ист и сите 15 пратеници на партијата ќе гласаат за изборот на новата Влада. Ова за ТВ „21“ и за ТВ „Клан“ вчера го потврдил лидерот на ДУИ.

„Кабинетот останува ист, нема промена во имињата“, изјавил Али Ахмети за ТВ „21“.

И покрај бројните информации за незадоволство во неколку ограноци на ДУИ околу предложените кандидати за министри, партијата останала на предлозите за кои претходно добила зелено светло од партиските органи. Во неформален разговор за ТВ „Клан“, Ахмети објаснил дека „дебатите за формирање на власта се дел од функционирањето на внатрешната партиска демократија“ и дека нема промени во министерскиот тим на ДУИ.

Според тоа, партиски претставници во новата влада ќе бидат Фатмир Бесими (финансии), Бујар Османи (надворешни работи), Артан Груби (вицепремиер и министер за политички систем), Насер Нуредини (животна средина), Крешник Бектеши (економија) и Јетон Шаќири (информатичко општество и администрација)

„Овој тим ужива поддршка од целата наша парламентарна група“, рекол Ахмети.

Има многу шпекулации, но ниту една официјална потврда за тоа како Ахмети го амортизирал незадоволството кај пратениците кои се заканувале дека нема да гласаат за Владата ако од списокот со кандидати за министери не биде тргнато едно име. Особено што меѓу незадоволните беше и висок партиски функционер – потпретседателот Изет Меџити.

Според шпекулациите, партиските ограноци кои според резултатите му донеле најмногу гласови на ДУИ, ќе бидат во преден план за други позиции, а може да сметаат и на влез во владиниот кабинет при потребата од евентуални кадровски промени, доколку тоа го наложи првичната оценка за работата на оние коишто сега се предложени за министри.

Програмата подготвена

Во меѓувреме, стручните тимови на СДСМ и ДУИ го завршиле усогласувањето на предизборните програми на двете партии со спојување во заедничка програма на Владата на премиерот Зоран Заев, која тој треба да ја достави до Собранието. Мандатарот веќе најави дека предлогот за новата влада ќе го достави до Собранието веднаш по изборот на потпретседателите на парламентот и по верификацијата на мандатите на новите пратеници.

За денеска во парламентот е закажана седница на која треба да се утврди бројот на собраниски потпретседатели. Според Деловникот за работа на Собранието, потпретседателите се избираат од редот на пратениците кои припаѓаат на различни политички партии застапени во парламентот.

Исто така, парламентот ќе треба да ги констатира оставките на пратениците од СДСМ и ДУИ кои заминуваат на министерски позиции, а потоа да ги верификува и мандатите на оние кои ќе ги заемат нивните места во Собранието.

„Штом заврши Собранието со сите овие претходни постапки, веднаш ќе го доставам предлогот за Влада и владината програма до парламентот“, изјави вчера Заев.

Нова влада до крајот на август

Ако денеска тој процес заврши, мандатарот Заев веќе во среда би можел да ги достави до парламентот предлог кадровскиот состав и Програмата за работа на Владата. Според најавите, за нив најверојатно ќе се расправа веднаш по православниот празник Успение на Пресвета Богородица (петок, 28 август), односно во деновите од викендот (29 и 30 август). Според Деловникот, расправата за предлогот на мандатарот трае најмногу два дена. Се гласа на крајот од дебатата, односно вториот ден пред полноќ.

Доколку седницата почне во сабота, гласањето треба да заврши во недела на полноќ, а новата влада да почне со работа од понеделник, 31 август. Инаку, последен рок за доставување на составот на новата влада во Собранието е 2 септември. Но, тоа е датум кога и коалицискиот партнер на Заев, Али Ахмети, треба да даде исказ пред Специјалното обвинителство за воени злосторства на Косово, со седиште во Хаг.

Али Ахмети Влада ДУИ парламент предлог СДСМ
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Пукотници на универзитет во Пенсилванија: Една жртва и шест повредени

October 26, 2025

Двајца словенечки министри дадоа оставки по убиството во Ново Место

October 26, 2025

Косовското собрание не го избра Курти за премиер

October 26, 2025

Француската полиција уапсила двајца осомничени за грабежот во Лувр

October 26, 2025

Лидерите на Тајланд и Камбоџа потпишаа проширен договор за прекин на огнот во присуство на Трамп

October 26, 2025
ФОКУС

Трамп до Путин: Нема да губам време

ВЕСТИ October 26, 2025

 Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека нема да се сретне со рускиот претседател Владимир Путин…

Родителите на загинатите во „Пулс“: Каде беа институциите кога ни изгореа децата?

October 25, 2025

Католичките свештеници за помалку од пет години сексуално злоупотребиле 4.451 лица

October 24, 2025

Данела Арсовска: Советот на Град Скопје и Управниот одбор се одговорни за состојбата во „Комунална хигиена“

October 23, 2025
ТИКЕР

Пукотници на универзитет во Пенсилванија: Една жртва и шест повредени

October 26, 2025

Двајца словенечки министри дадоа оставки по убиството во Ново Место

October 26, 2025

Косовското собрание не го избра Курти за премиер

October 26, 2025

Француската полиција уапсила двајца осомничени за грабежот во Лувр

October 26, 2025

Лидерите на Тајланд и Камбоџа потпишаа проширен договор за прекин на огнот во присуство на Трамп

October 26, 2025
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.