Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
Фото: Фејсбук профил Салвјанка Петровска

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Сите сакаат повисоки плати, ќе има ли пари во Буџетот?

0
By Нова ТВ on November 6, 2017 ЕКОНОМИЈА, ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Monday, November 6, 2017 13:09

Додека јавноста се фокусираше на најавите за зголемување на персоналниот данок – Министерството за финансии објави раст на акцизата за 3% на дизелот. Со новите буџетски проекции, не се предвидени заголемени приходи од перосналниот данок како резултат на раст на стапката, но сепак остана најавата дека корекции во даночниот систем ќе има пишува неделната економска анализа на Portalb.mk.

Во меѓувреме, најавата за повисоки плати во образованието, армијата и здравството, ги крена на нозе сидикатите од другите јавни сектори.

Прогресивен данок – за кого и од кога?

Прогресивното оданочување, што беше најавено во изборната програма на СДСМ ќе стартува од 2019 година. Сепак информацијата дека се размислува стапката на данок на доход да се зголеми за месечни примања повисоки од 1 040 евра предизвика рекации на економистите.  Министерството за финансии за оваа намера најави јавна дебата на средината од 2018 година.

“Прогресивниот данок да не го воведуваме на сила. Нашата намера е да почнеме од јануари 2019 година и постапката да биде целосно отворена. Се планира сите законски решенија за воведување на прогресивниот данок да бидат готови до средина на наредната година“ – изјави министерот за финансии Драган Тевдовски.

Кој ќе биде оданочен со повисока стапка, дали вработен што има 1 000 евра месечни примања е богат, колку и како со ова решение ќе бидат засегнати хонорарците и на крајот какви ќе бидат буџетските ефекти од зголемената стапка на персоналецот. Според дел од економистите потребно е да се одговорат бројни прашања пред да се посегне по прогресивно  оданочување.

“Зголемувањето на перосналниот данок на парг од 1000 евра е тажно, доколку навистина се размислува за оваа граница на месечни примања. Во оваа група влегуваат ИТ менаџери, лекари, професори. Тоа не се богати луѓе, и каква ќе биде пораката до нив доколку се зголеми данокот:“ Вие сте богати“? Овој пристап директно ќе придонесе да се зголеми одливот на оваа категорија на професии во странство, кои и сега масовно ја напуштаат земјата“ – вели за Порталб, економскиот консултант Горан Рафајловски.

Смета дека треба да постои даночна правдност, богатите да плаќаат повеќе, но посочува дека најпрво треба да се направи анализа за да се утврди кои луѓе се богати , но и да се намали перосоналецот за оние со пониски примања.

“Според мене, треба да раговараме за три стапки на даночно оптовраување. Вработените со најниски примања, до 25 000 денари,  да плаќаат 6% персоналец, втората група да ја сочинуваат оние со примања од 25 000 до 200 000 денари со даночна стапка од 12% и третата група, со примања повисоки од 200 000 денари да плаќа персоналец од 18%. Мора да се земе предвид  дека данкот на добивка, заедно со персоналниот данок, се ниско приходни даноци, па оттука и да се постави прашањето каков ефект ќе се постигне ако се зголеми данокот на оние со примања повисоки од 1000 евра, а такви се само 2% од вработените“ – вели за Порталб економистот Рафајловски.

Повисоки плати за војската и образованието ….

Буџетот за 2018 година носи добра вест за Армијата, образованието и здравството. Платите во овие сектори ќе се зголемат. Конкретно, за војската најавено е зголемување на месечните примања за 10 отсто, додека за вработените во здравството, лекарите и медицинските сестри, како и вработените во образованието, растот на платите догодина ќе изнесува 5 отсто. Предлагачот вели дека со зголемување на платите се започнува од сектори кои се основа на секое општество, и со овој аргумент ја брани одлуката во оваа фаза да бидат иземени други сектори.

Но,  овие најава ги кренаа на нозе дел од синдикатите. Од УПОЗ, синдикатот на правосудните органи и администрација сметаат дека парцијалното покачување на платите го зголемува револтот кај другите сектори.

“Креаторите на Буџетот најверојатно заборавиле дека платите на судската и обвинителската служба, не само што не се зголемени последниве години, туку им е скратено и законското право на исплата на надоместоци на плата. Од овие причини во 2016 година имаше штрајк од 60 денови. Слична е состојбата и со вработените во Казнено – поправните установи, шумската, затворската и судската полиција“ – велат од УПОЗ.

Реагираше и Самостојниот синдикат на клинички центар од каде побараа средба со ресорниот министер, со став дека порастот на платите во здравството за 5% е незначителен .

“Синдикатот на Клиничките центри смета дека предложениот буџет за 2018 година во делот за платите на вработените во јавното здравство, претставува дополнителен поттик за одлевање на докторите, медицинските сестри и останатиот персонал вработен во јавните здравствени установи“, беше нотирано   од Самостојниот синдикат на клиничките центри

Реакција имаше и од Синдикатот на култура, од каде велат:

“Потценувачки и поразително е, носителите на дејноста во културата на Република Македонија, во 21-от век, да земаат пониски плати од просечната нето плата на ниво на Република Македонија““

Повисоки плати побараа и од Македонскиот полициски синдикат од каде, повикувајќи се на владина одлука од април, 2015 година, бара ветените зголемувања да им се исплатат на полицајците до крајот на годинава или да се направат измени на буџетот за следната година со кои би се овозможило тоа. Годишно од буџет во изминатите години се трошеa по околу 400 милиони евра.

 

буџет данок плати
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Протекоа документи: Албанската опозиција му платила на лобистот на Трамп со парите на Дерипаска

April 25, 2026

Силен земјотрес го погоди Крит

April 24, 2026

Автобус тргна назад и прегази патници во Бугарија – двајца загинати и 16 повредени

April 22, 2026

Премиерот Голоб најавува опозоција –  дали на власт се враќа Јанша

April 20, 2026

Осум деца убиени во пукање во Луизијана, САД – напаѓачот убиен

April 19, 2026
ФОКУС
April 25, 2026

Иран му се заблагодари на Пакистан, а потоа повлече линија: Нема договор без прекин на блокадата

ВЕСТИ April 25, 2026

Иран му се заблагодари на Пакистан за неговите напори за посредување во обидот да се…

Работниците во културата на 28-ми април пак ќе протестираат со прака: „Договорите не се поништуваат, уметниците не се понижуваат“

April 23, 2026

Дволичност околу двојните државјанства на пратениците – два важни закона истуркани во еден ден по скратена постапка

April 22, 2026

Трамп: Без договор со Иран, продолжуваме со нападите- нема пролонгирање на прекинот на огнот

April 21, 2026
ТИКЕР

Протекоа документи: Албанската опозиција му платила на лобистот на Трамп со парите на Дерипаска

April 25, 2026

Силен земјотрес го погоди Крит

April 24, 2026

Автобус тргна назад и прегази патници во Бугарија – двајца загинати и 16 повредени

April 22, 2026

Премиерот Голоб најавува опозоција –  дали на власт се враќа Јанша

April 20, 2026

Осум деца убиени во пукање во Луизијана, САД – напаѓачот убиен

April 19, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.