Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
Фото: Фејсбук профил Салвјанка Петровска

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

СЈО предложи разговор од Мијалков и Јанкулоска како доказ во „Сопот“

0
By Нова ТВ on October 18, 2017 ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Wednesday, October 18, 2017 12:48

На денешното рочиште за случајот „Сопот“,  Специјалното јавно обвинителство за доказ предложи снимка од разговор меѓу Гордана Јанкуловска и Сашо Мијалков поврзана со случајот. Според специјалниот обвинител Бурим Рустеми оваа снимка ќе придонесе да се утврди вистината за случајот

Во листата на нови докази, кои СЈО ги предложи, е и невропсихијатриско вештачење на клучниот сведок. Психијатрите Ставре Гравов и Александар Марцикиќ треба да дадат наод за тоа како настанот влијаел на сведокот.

СЈО предложи како сведоци во судница да се појават и шестмина вработени во УБК кои по настанот работеле на предистражната постапка на овој случај и кои имаат сознанија за истата.

Шесте обвинети останаа на изјавите кои порано ги дале пред судот. Четворица обвинети се недостапни, а еден е починат.

Одбраната на обвинетите во изјава за медиумите најави дека од судот ќе побара во судница како сведоци да бидат повикани Јанкуловска и Мијалков бидејќи, според нив, нивното сведочење е клучно за да се дознае вистината за случајот Сопот.

И клучниот сведок во случајот Сопот Рамадан Бајрами утрово јавно проговори за физичкото и психичко малтретирање со кои бил изнуден неговиот исказ врз кој се темелеше првостепената пресуда.

-Бев малтретиран и мачен и психички и физички и на секаков друг начин. Лицата на оние кои ме сослушуваа нема никогаш да им ги заборавам. Кога се случи случајот јас воопшто не бев присутен во Македонија. Имам печат на пасошот. Докажано е дека не сум бил во Македонија, рече тој.

Наредното рочиште е закажано за 23 ноември кога судот треба да одлучи дали ќе ги прифати доказите на СЈО меѓу кои и снимката од прислушуваниот разговор меѓу Мијалков и Јанкуловска.

За случајот „Сопот” кумановскиот суд осуди 11 лица за тероризам на вкупно 150 години затвор за поставената мина на патот Сушево – Сопот кога на 4 март 2003 година загинаа двајца полски војници на НАТО и еден цивил. Но, поради недоследности во исказите на клучниот сведок, постапката почна одново во Основниот суд Скопје 1.

Гордана Јанкулоска Извештај за напредок. СЈО Прислушуван разговор Сашо Мијалков СЈО Сопот
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Автомобил се забил во толпа во Германија – има загинати и повредени

May 4, 2026

Бугарската полиција откри огромен подземен град од канабис во стар рудник

April 30, 2026

Локација во Бугарија со 70 пати поголема радијација од нормалната – наредба за мерки за претпазливост

April 29, 2026

Косово на прагот на нови предвремени избори

April 29, 2026

Нов земјотрес од 6,2 степени ја погоди Јапонија

April 28, 2026
ФОКУС
May 5, 2026Updated:May 5, 2026

5-ти мај – ден на македонскиoт јазик

ВЕСТИ May 5, 2026

Пораки за македонскиот јазик, неговата вредност и потребата за зачувување на аманетот од постарите генерации…

123 години од смртта на Гоце Делчев

May 4, 2026

Техеран: Иран испрати план од 14 точки до САД – Прекин на војната за 30 дена и нов режим за Ормуз

May 3, 2026

103-ка

May 1, 2026
ТИКЕР

Автомобил се забил во толпа во Германија – има загинати и повредени

May 4, 2026

Бугарската полиција откри огромен подземен град од канабис во стар рудник

April 30, 2026

Локација во Бугарија со 70 пати поголема радијација од нормалната – наредба за мерки за претпазливост

April 29, 2026

Косово на прагот на нови предвремени избори

April 29, 2026

Нов земјотрес од 6,2 степени ја погоди Јапонија

April 28, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.