Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
Фото: Фејсбук профил Салвјанка Петровска

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

СЈО: Пресудата за Костовски е незаконска и треба да се укине

0
By Нова ТВ on September 14, 2017 ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Thursday, September 14, 2017 13:50

Обвинителките на Специјалното јавно обвинителство, Ленче Ристовска и Фатиме Фетаи сметаат дека треба да се укинат спогодбата и пресудата за Ѕвонко Костовски, обвинет во случајот „Пуч“. По завршувањето на денешната седница во Врховниот суд на која се разговарало за барањето за заштита на законитоста односно за укинување на пресудата за Костовски, обвинителките за медиумите изјавија дека не постои ниту дело шпионажа за кое Костовски е осуден, ниту пак во спогодбата и пресудата има некакви докази, освен она што Костовски го признал.

Од Врховниот суд се уште нема информација кога ќе биде донесена и објавена нивната одлука за Костовски.

Како што објаснија обвинителките од СЈО Ленче Ристовска и Фатиме Фетаи барањето до Врховниот суд го упатиле затоа што сметаат дека пресудата е незаконита и треба да се укине. Од Врховниот суд не соопштија кога ќе биде донесена одлуката.

„Баравме поништување на спогодбата затоа што не постоеја докази во конкретниот случај врз основа на кои спогодбата се базираше, така што во тој случај судската пресуда е донесена без воопшто  да постојат докази и затоа баравме да се преиспита нејзината законитост“, рече Ристовска.

Според обвинителката Фетаи, во конкретниов случај немало ниту утврдено кривично дело шпионажа, ниту одговорност за непосредниот извршител на тоа дело. Таа рече дека во пресудата со која Костовски е прогласен за виновен всушност самата законска формулација на битието на кривичното дело е преточено во самиот диспозитив на пресудата и не е наведено која е таа странска држава, организација или лице кое што им служи.

„Костовски е прогласен за виновен, односно е осуден за помагач за кривичното дело шпионажа Во конкретниов случај немало ни утврдено постоење на кривичното дело шпионажа и кривична одговорност на непосредниот извршител на тоа кривично дело. Значи во конкретниот случај не постои кривичното дело шпионажа бидејќи битието на тоа кривично дело се состои во прибавување на тајни податоци, документи и со намера истите да бидат предадени на странска држава, организација или лице кое им служи. Како што е веќе познато формулација на битието на кривичното дело е преточено во самиот диспозитив на пресудата и не е наведено која е таа странска држава, организација или лице кое што им служи. Тоа исто како да осудиш некој човек за кривично дело измама со тоа што ќе тврдиш дека некое непознато лице било доведено во заблуда да стори нешто на штета на својот или туѓ имот или да осудиш некого за кражба тврдејќи дека тој противправно одзел туѓ предмет без да се наведе кој е тој предмет. Во конкретниот случај не постоеше кривична одговорност од тогаш обвинетиот Зоран Верушевски, а уште помалку може да стане за кривична одговорност за Костовски“, појасни Фетаи.

Одговарајќи на новинарско прашање, Фетаи рече дека очекува одлуката на судот да биде правилна и законита.

Спогодбата врз која Костовски е осуден за шпионажа и нелегално прислушување, а која е склучена врз основа на трите искази е спорна и за експертот Рајнхард Прибе. Тоа е нотирано и во целосниот извештај кој Прибе заедно со експертска група го изготви за нашата држава.

„Пресудата посочува на доказите изведени пред судот, вклучително и снимките од испрашувањата на обвинетиот. Пресудата не посочува дека било кое прашање во врска со коректноста исправноста на спогодбата било покренато или разгледано од страна на судот. Пресудата не сугерира дека судот утврдил наод дека Костовски делувал сам, напротив се чини дека за него е утврдено дека делувал како дел од структурирана група со предумисла поттикнат од двајца други обвинети. Ние бевме информирани дека не постои ниту видео или аудио снимка, ниту комплетен транскрипт од сослушувањето, што изгледа изненадувачки за таков важен случај од висок профил. Групата не знае какви докази слушнал судот за да го поткрепи спогдбеното признание за шпионажа кога елементите на ова дело бараат делото да се доведе во врска со „државна тајна“ и да е „добиено со цел дисеминирање на странска држава“. Ниту пак групата знае за содржината на било какви признанија кои може да се претпостави дека се направени од страна на обвинетиот за време на испрашувањето. Се чини дека кога се користи спогодба за признавање на вината, таа е предмет на многу формален надзор на законитоста и праведноста и дека не постои никаков воспоставен тест во пракса за судски надзор за „доволно докази за вина“, пишува во извештајот на Прибе.

Повеќе за пресудата и спогодбата со која е осуден Костовски може да прочитате на следните линкови.

Костовски признал дека извршил дело кое не постои

Во четврток врховен ќе одлучува за свиркачот Ѕвонко Костовски

„Таргет“ Звонко Костовски Ленче Ристовска пуч СЈО Фатиме Фетаи
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Автомобил се забил во толпа во Германија – има загинати и повредени

May 4, 2026

Бугарската полиција откри огромен подземен град од канабис во стар рудник

April 30, 2026

Локација во Бугарија со 70 пати поголема радијација од нормалната – наредба за мерки за претпазливост

April 29, 2026

Косово на прагот на нови предвремени избори

April 29, 2026

Нов земјотрес од 6,2 степени ја погоди Јапонија

April 28, 2026
ФОКУС
May 5, 2026Updated:May 5, 2026

5-ти мај – ден на македонскиoт јазик

ВЕСТИ May 5, 2026

Пораки за македонскиот јазик, неговата вредност и потребата за зачувување на аманетот од постарите генерации…

123 години од смртта на Гоце Делчев

May 4, 2026

Техеран: Иран испрати план од 14 точки до САД – Прекин на војната за 30 дена и нов режим за Ормуз

May 3, 2026

103-ка

May 1, 2026
ТИКЕР

Автомобил се забил во толпа во Германија – има загинати и повредени

May 4, 2026

Бугарската полиција откри огромен подземен град од канабис во стар рудник

April 30, 2026

Локација во Бугарија со 70 пати поголема радијација од нормалната – наредба за мерки за претпазливост

April 29, 2026

Косово на прагот на нови предвремени избори

April 29, 2026

Нов земјотрес од 6,2 степени ја погоди Јапонија

April 28, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.