Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

34 години АРМ: Од „боси по трње“ до рамноправна и достојна членка на НАТО

August 16, 2026

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

СЈО веќе не бара замрзнување на имотот на ВМРО ДПМНЕ

0
By Нова ТВ on December 17, 2017 ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Sunday, December 17, 2017 16:38

Специјалното јавно обвинителство се откажало од барањето за замрзнување на седиштето на ВМРО-ДПМНЕ, објави ТВ 24.

Според информациите на оваа телевизија, СЈО минатата недела со поднесок до Врховниот суд го повлекло барањето за заштита на законитоста со кое бараа Врховен да ја преиспита основаноста на одлуките на Кривичниот суд со кои беше одбиено барањето на Катица Јанева за замрзнување на имотот на ВМРО-ДПМНЕ, меѓу кои и главното седиште на партијата.

Имајќи го предвид барањето на СЈО за повлекување, Врховниот суд донел одлука со која се отфрла првичното барање за замрзнување на имотот на опозициската ВМРО ДПМНЕ, а одлуката е објавена на сајтот на судот.

Барањето за замрзнување на имотот на ВМРО ДПМНЕ беше дел од истрагата за случајот „Талир“ за незаконското финансирање на партијата која СЈО не успеа да ја затвори, но најави дека и покрај тоа што истекол рокот за поднесување на обвиненија, истрагата за како ВМРО ДПМНЕ стекнала толкав имот ќе продолжи и понатаму.

Истрагата за предметот  „Талир“ беше отворена во мај против 11 лица, меѓу кои и екс премиерот Груевски. Постои основано сомнение дека и покрај тоа што на првоосомничениот како претседател на политичката партија му биле добро познати законските ограничувања, мотивиран исклучиво од лична природа и за  зацврстување на неговата политичка моќ и позиција во партијата и во државата и за обезбедување на целосна контрола над политичката партија го прекршил Законот.

ВМРО-ДПМНЕ Врховен суд замрзнување имот СЈО Талир
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Крим повторно на светската агенда: Самит во Њујорк за репресијата, милитаризацијата и деокупацијата

September 22, 2026

77-ми протест против владата на Еди Рама

August 16, 2026

Анкета: Турската опозициска „Нова партија“ води со речиси осум отсто пред партијата на Ердоган

August 14, 2026

Масовен сајбер напад во Полска, украдени се медицински податоци на 19 милиони граѓани

August 13, 2026

Најмалку седум мртви во нападот врз училиште во Тајланд

August 7, 2026
shortcut
ФОКУС
August 29, 2026

Исланд гласа за или против обновување на преговорите за членство во Европска Унија

ФОКУС August 29, 2026

Денеска, 29 август, граѓаните на Исланд гласаат дали владата треба да ги обнови пристапните преговори…

Техеран го повика Вашингтон да признае воен пораз

August 16, 2026

Букурешт: Дуња Иванова четврта на Балканот во МТБ маратон во Романија – 73 км. должина и 2.400 м. висинска разлика

August 15, 2026

Њујорк Тајмс: Европа смислува свој формат за преговори за Украина

August 15, 2026
ТИКЕР

Крим повторно на светската агенда: Самит во Њујорк за репресијата, милитаризацијата и деокупацијата

September 22, 2026

77-ми протест против владата на Еди Рама

August 16, 2026

Анкета: Турската опозициска „Нова партија“ води со речиси осум отсто пред партијата на Ердоган

August 14, 2026

Масовен сајбер напад во Полска, украдени се медицински податоци на 19 милиони граѓани

August 13, 2026

Најмалку седум мртви во нападот врз училиште во Тајланд

August 7, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.