Михаела Шифрин е победничка во Светскиот куп во алпско скијање за оваа сезона. Американката стигна до големиот кристален глобус по откажувањето на Илка Штухец од утрешниот слалом во Аспен. На две трки до крајот Шифрин има 198 бода повеќе од Словенката.

За Шифрин ова е прво освојување на Светскиот куп во кариерата. Таа е трета американска скијачка со престижниот трофеј по Тамара Мекини во 1983 година и Линдзи Вон во 2008 година, во 2009, во 2010 и во 2012 година.