Малиот кристален глобус во велеслалом за оваа сезона заврши кај Французинката Теса Ворли. Таа го освои петтото место во последната трка што се возеше во Аспен што ѝ беше доволно за севкупна победа во оваа дисциплина. Времето што притоа го оствари беше 1:59,84 минути.

Најдобра во велеслаломот во Аспен беше Италијанката Федерика Брињоне со резултат 1:58,01 минути. Втор и трет резултат по двете возења имаа нејзините сонароднички Софија Гоџа (1:59,45 минути) и Марта Басино (1:59,48 минути).

До велеслаломската титула Вори стигна со 685 бода пред Михаела Шифрин која собра 85 помалку.