Доминик Парис победи во последната спуст трка во Светскиот куп во алпско скијање за оваа сезона што се возеше во Аспен. До осмиот триумф во кариерата, седми во најбрзата дисциплина, Италијанецот стигна со време 1:33,07 минути. Второто место, со заостанување од само осум стотинки, го освои неговиот сонародник Петер Фил, трет резултат на целта забележа Карло Јанка (1:33,25 минути).

Фил остана водечки во вкупниот пласман во спуст со 454 бода пред Норвежанецот Јансруд со 431 и Парис на третата позиција со 371. Интересно е што го освои малиот кристален глобус без ниту една победа во сезона. Последен кој успеа во тоа беше Марк Џирардели во 1994 година.

Убедлив лидер во генералниот пласман во Светскиот куп е Австриецот Марсел Хиршер со 1425 бода. Втор е Јансруд со 895, а трет Хенрик Кристоферсен од Норвешка со 867 бода.