Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
Фото: Фејсбук профил Салвјанка Петровска

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Скопје: Панел на ЦИВИЛ – Интегритетот на изборните процеси и демократската отпорност 

0
By Zoran Ivanov on October 9, 2025 ВЕСТИ, ОПШТЕСТВО
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Thursday, October 9, 2025 13:36

Во рамките на меѓународната конференција на теми за одбрана на демократијата, на панелот на Цивил посветен на дезинформациите, пропагандата и хибридното војување како директни закани за демократските процеси, поткопување на слободата на медиумите, слабеење на одбраната и безбедноста и загрозување на изборниот интегритет говореа Бесим Небиу, Александар Спасов и Џабир Дерала.

Бесим Небиу – политички аналитичар, ја почна панел дискусијата со една поговорка „Ако проблемот може да се реши со пари, тогаш тоа не е проблем – тоа е трошок“.

„Кога СДСМ е на власт, опозицијата може многу лесно да дојде до власт, за разлика од 2017 година кога промената на власта одеше малку потешко.

Некој што не е дел од четирите големи партии, 2 од македонскиот политички блок и 2 од албанскиот блок, не може да победи на избори, бидејќи досега фактите беа такви.

Ние немаме автентичен стар-тап, некој да победи без претходно да бил дел од некоја партија. Пример таков е случајот со Албин Курти во Косово.

Изборите не се фер, пристапот кон парите, ресурсите, гласачите не е ист за сите.

Има две прашања кога политичарите секогаш се согласуваат, кога се работи за нивниот статус и кога се работи за изборната легислатива.

Во Словачка има партија која има 250 членови, но тие се вистински членови. За разлика кај нас политичка партија има 100.000 членови, тие не се членови тие се вработени, тие се клиенталисти.

Александар Спасов – редовен професор по правна теорија и филозофија на правото, измените на Изборниот законик е направен со Пржинскиот договор. Тие норми се направени за тогаш, а не тие да траат до денес.

„Со овие локални избори видовме што се случи, целиот процес во Парламентот беше блокиран од инат. Прагот од 1 посто беше преголем за независните кандидатури, особено во Скопје. Потоа видовме дека ДИК беше ставен во улога на законодавец.

Платеното политичко рекламирање беше злоупотребено од власата на Никола Груевски. Но, реформите не се случија, се уште не фер се распределуваат средствата за платено политичкото рекламирање.

Кампањата за локални избори на сè личи освен на кампања за локални теми. Сега кампањата се сведе кој е партиот кој е предавник.

Во албанските партии кампањата се сведе на тоа кој ќе победи политички ќе преживее, а кој ќе изгуби ќе замине во историја. Таквата реторика е играње со оган и може да донесе сериозни инциденти.

Политичките партии треба да седнат да донесат нов Изборен законик заедно со Работната група која беше формирана во рамки на Министерството за правда“, рече Спасов.

Џабир Дерала – претседател на ЦИВИЛ – Центар за слобода, вели дека нема политичка војла да се смени изборниот модел бидејќи засега ваквиот модел им носи бенефит.

„Имаме разнишана демократија во лулката на демократијата како што е САД. Имаме пропагандни и дезинформациски наративи кои ги доведуваат во целосна заблуда оние кои гласаат, а тие се користат како топовско месо.

Најевтино се инвестира во национализмот, а се добива голем профит. Имаме политичка култура оној што ја добива власта добива се, а оној што губи ќе изгуби се.

Медиумите се слуги на партиските и олигархиските центри на моќ.

На авторитарните режими не им е битно да убедат некој дали е факт или вистина, ним им е битно да предизвикаат недоверба, страв и несигурност. Водат хибридна војна за придобивање на срцата и умовите на луѓето за остварување на нивните цели. Исто така водат кампања да ги одвратат граѓаните од гласање со тоа дека „сите се исти“.

 

 

дебата демократија одбрана панел цивел
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Голем пожар во трговскиот центар „Ењуб“ во главниот град на Србија

June 15, 2026

Албин Курти со освоени 42,3 % од гласовите повторно во водство на изборите во Косово

June 7, 2026

Денеска пак избори во Косово – трети за годинаипол

June 7, 2026

Израелски проектил уби српски војник во Либан откако погоди база на ОН

June 4, 2026

Силен земјотрес го потресе јужниот дел на Италија

June 2, 2026
shortcut
ФОКУС
June 18, 2026

Трамп го потпиша мировниот договор со Иран, тврдејќи дека договорот спречува „светска депресија“

ВЕСТИ June 18, 2026

Доналд Трамп потпиша договор од 14 точки со Иран, тврдејќи дека тоа донело „голема победа“…

Блумберг: Договорот меѓу ДСАД и Иран во 14 точки е голем триумф на Иран и Сериозен удар за Израел

June 17, 2026

Европскиот парламент го изгласа извештајот за Македонија – задржан е спорниот дел за историјата

June 17, 2026

„Вака се казнуваат и се замолчуваат вработените во правосудството“ — остри критики за предлог-законите за судска и обвинителска служба

June 16, 2026
ТИКЕР

Голем пожар во трговскиот центар „Ењуб“ во главниот град на Србија

June 15, 2026

Албин Курти со освоени 42,3 % од гласовите повторно во водство на изборите во Косово

June 7, 2026

Денеска пак избори во Косово – трети за годинаипол

June 7, 2026

Израелски проектил уби српски војник во Либан откако погоди база на ОН

June 4, 2026

Силен земјотрес го потресе јужниот дел на Италија

June 2, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.