Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Скопје домаќин на Самит на „Економист“ за Западен Балкан: Промоција на европската инклузивност и солидарност

0
By Sashko on October 14, 2021 НАСЛОВНА, ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Вториот Самит за Западен Балкан „Промовирање на инклузивноста и солидарноста на Европа“ ќе се одржи денеска во Скопје во организација на „Економист“.

На самитот ќе се дискутира за тоа како да се зајакне стабилноста и соработката во регионот, како да се забрза пристапувањето на Западен Балкан во ЕУ, како и тоа кои се приоритетите на Северна Македонија и на регионот во пост-ковид период.

На отворањето на Самитот, според најавата на организаторите, ќе се обрати премиерот Зоран Заев, а свои обраќања најавено е дека ќе имаат и вицепремиерот на Црна Гора, Дритан Абазовиќ, косовскиот премиер Албин Курти и вицепремиерот на Албанија, Арбен Ахметај.

По отворањето на Самитот, вицепремиерот Никола Димитров ќе биде говорник на панелот „Визија за Европската Унија и Западниот Балкан – Проширувањето на ЕУ на Западен Балкан: зошто е тоа критично за иднината на Европа?“, каде ќе говорат и поранешниот грчки премиер Јоргос Папандреу – актуелен претседател на Социјалистичката интернационала, поранешниот германски вицеканцелар и МНР, Јошка Фишер и евроамбасадорот, Дејвид Гир.

На панелот „Југоисточна Европа: Зајакнување на мирот и соработката во кревка глобална средина“ најавено е дека ќе говорат шефот на дипломатијата Бујар Османи и американската амбасадорка во земјава, Кејт Мери Брнз.

Според најавата, свој осврт на темата „Приоритетите на САД за Западен Балкан“ ќе даде заменик помошникот државен секретар на САД за европски и евроазиски прашања, Габриел Ескобар.

Во економскиот дел од Самитот на одделни панел сесии ќе говорат министерот за финансии Фатмир Бесими, гувернерката на Народната банка на Северна Македонија Анита Ангеловска Бежовска, министерот за економија Крешник Бектеши, како и економски експерти.

Самитот е еден од клучните настани во регионот во организација на лондонски „Економист“ како светски бренд, што оваа година има за цел да ја истакне потребата од структурни реформи и заемна соработка за интегрирање на земјите од Западен Балкан во ЕУ што е во интерес на Европа како целина и справувањето со глобалните предизвици.

Во период кога глобалната заедница се уште се бори против Ковид-19, владите и меѓународните институции се фокусирани на имплементација на политики со цел враќање на конкурентноста и економскиот раст. Западен Балкан исто така беше силно погоден од пандемијата, а сегашната ситуација ја подвлекува потребата од подлабока соработка и солидарност од меѓународните институции. ЕУ мора да се движи побрзо и поефикасно во обезбедувањето помош на земјите во регионот, да им помага во решавање на прекуграничните прашања и најважно, да ги донесе земјите од Западен Балкан во европскиот клуб, стои во најавата за Самитот за Западен Балкан на „Економист“.

економист ЕУ Западен Балкан Македонија Самит Скопје
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Почит во Србија на 1.300 Македонци од Вардарскиот баталјон загинати во Првата светска војна кај Костолачка Коса

November 16, 2025

Трамп најверојатно ќе бара Би-би-си да му исплати отштета од една до пет милијарди долари

November 15, 2025

Автомобил удри во група луѓе – има повредени

November 14, 2025

Бугарија: Родителите на деца под 12 години ќе имаат скратено работно време или ќе можат да работат од далечина за време на летниот распуст

November 13, 2025

Мелони: Центрите за мигранти во Албанија наскоро ќе почнат со работа

November 13, 2025
ФОКУС

Брисел: Албанија утре го отвора последниот кластер во преговорите со ЕУ

ВЕСТИ November 16, 2025

Утре во Брисел ќе се одржи 7-та меѓувладина конференција, за пристапување на Албанија во Европската…

Скопје: Без збор – со мисла / 12:05 Ангелите со скопјани / протестен марш / 15 ноември 2025

November 15, 2025

„Дојдете и бидете со нас“ повикаа родителите на настраданите во кочанската трагедија – Марш за Ангелите денеска во Скопје / Плоштад Македонија 12:05

November 15, 2025

Маршот на Ангелите утре во Скопје во 12:05 – родителите ги повикаа скопјани да им се придружат

November 14, 2025
ТИКЕР

Почит во Србија на 1.300 Македонци од Вардарскиот баталјон загинати во Првата светска војна кај Костолачка Коса

November 16, 2025

Трамп најверојатно ќе бара Би-би-си да му исплати отштета од една до пет милијарди долари

November 15, 2025

Автомобил удри во група луѓе – има повредени

November 14, 2025

Бугарија: Родителите на деца под 12 години ќе имаат скратено работно време или ќе можат да работат од далечина за време на летниот распуст

November 13, 2025

Мелони: Центрите за мигранти во Албанија наскоро ќе почнат со работа

November 13, 2025
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.