НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025

Subscribe to Updates

Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.

НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Скопје очекува брзо решение на спорот со Бугарија, Софија најави нов пристап, но без конкретни рокови

0
By Sashko on December 6, 2021 ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Скопје смета дека сега е најпозитивниот момент да се најде решение со Софија и затоа не треба да се пропушти, бидејќи секое пролонгирање ги намалува шансите за договор и носи неизвесност. Поконструктивен пристап најавуваат и победниците на парламентраните избори во Бугарија, но без конкретни рокови за решение. Засега останува отворено прашањето дали е можен брз пробив околу отстранувањето на бугарската блокада и скорешен старт на преговорите на Северна Македонија со ЕУ.

Ќе направам се да се изнајде решение со Бугарија, зашто ако не се најде сега, не верувам дека ќе се најде во 2022 година. Меѓу 14 декември и 15 јануари е периодот кога може да се одржи Советот за општи работи. Тоа е можност да се исчекори напред и, конечно, по 16 и пол години да почнеме преговори. Во прашање се недели, изјави вчера премиерот Зоран Заев.

Заев, кој најави скорешно повлекување од премиерската функцијата, како што кажа, „откако ќе биде извесно со Бугарија“, смета дека ова е значаен период што бара поголема одговорност и дека е потребно стабилно мнозинство и Влада што со влезот на „Алтернатива“ е обезбедено.

Лично мислам дека треба да им е јасно и на Бугарија и на Европа, дека во најмала рака неизвесноста после мене е поприсутна затоа што ме знаат каков сум, какви политики водам и кон што тежнеам и затоа кажувам дека е ова најпозитивен период да се изнајде решение. За мене најважно во државата е евроатлантскиот пат и ова што е почнато со Бугарија. На крајот сме, во фотофиниш, и не може вака да се остави. Јасно е утврдена целта кога тоа може да се заврши, следува период кога Франција ќе претседава и изборите кои таму ќе бидат напролет, така што мал е периодот да се најде прозорец за решение на спорот помеѓу Северна Македонија и Бугарија, истакна Заев по потпишаниот договор за соработка со лидерот на „Алтернатива“ Африм Гаши.

Димитров: Нашиот (не)успех е (не)успех и на ЕУ

Вицепремиерот за европски прашања Никола Димитров, пак, од регионалната конференција „Обновен наратив за забрзана интеграција во ЕУ” забележа дека Северна Македонија вложи голем политички капитал врз основа на европските ветувања, одговори на многу стриктни услови и време е да добие праведна валидација, ако ЕУ е заедница на вредности.

Македонскиот случај во европски контекст е лакмус од кој регионот ќе прочита дали ЕУ е сериозна кога зборува за европска иднина на Западен Балкан, и поради тоа што многу долго чекавме, и поради тоа што многу направивме, не само за решавање на билатерални прашања, туку и со демократските реформи дома. Ние направивме се и апсолутно сме спремни да ги почнеме преговорите со ЕУ. Северна Македонија е приказна на надеж за сите во регионот, така што нашиот (не)успех е (не)успех и за ЕУ, ако ЕУ е сила што влече за добро, рече Димитров.

Во тој контекст, дополни дека европскиот проект се темели на градење на заеднички европски идентитет заснован на вредности како главна придобивка од процесот. Не е пристојно, вели, да се предизвикува соседот за прашања кои се многу внатрешни и интимни, како што е јазикот и не е корисно да ја жртвуваме нашата иднина за минатото и историјата.

Градењето на идентитетот е важно, бидејќи лесно може да биде злоупотребено преку националистички наративи кои се всушност против националните интереси, како што беше во случајот со спорот за името што го имавме со Грција. Европа во 21 век треба да подразбира натпревар на идеи и достигнувања коишто ќе го подобрат нашиот живот и ќе обезбедат подобра почетна позиција за идните генерации – области како владеење на правото, дигитализација, зелена економија, рече Димитров.

Бугарија е за формирање на работни групи за различни области

На став дека местото на С. Македонија и на другите земји од регионот во ЕУ е и бугарскиот европратеник Илхан Ќучук. Тој очекува до крајот на месецот Скопје и Софија да ги вложат сите напори за да се надмине спорот меѓу двете земји.

Од Бугарија, по парламентраните избори, доаѓаат најави за нов пристап кон Скопје, но засега без конкретни рокови за решение.

Кирил Петков, копретседател на коалицијата „Промената продолжува“ која победи на изборите, изјави дека една од првите задачи на новиот министер за надворешни работи на Бугарија и идниот бугарски премиер е да се формираат работни групи меѓу Бугарија и Северна Македонија кои ќе опфатат различни области.

Според Петков, темата за историјата, која не треба да се игнорира, ќе стане една од темите на разговор, но нема да биде единствена.

Да има работни групи за економија, за инфраструктура, за култура, за историја, за човекови права и да почнат да работат на секоја од овие теми што е можно потранспарентно, за да можат двата народа да се запознаат со реалните теми и секој да почне да размислува која е цената ако нема добрососедство меѓу двете земји и обратно – какви се успесите ако има вистинско добрососедство. Тогаш подготвеноста за компромиси за прашања што се важни за нас како народ и за нив како народ би требало полесно да ги решаваме, коментира Петков.

Но, според него, тоа не може да се случи, ако за тоа зборуваат само Бугарија и Северна Македонија, туку целиот контекст мора да се отвори. Добрите резултати, рече, доаѓаат преку работа, а не преку добри идеи и слогани. Според него, најмногу можеме да добиеме со добрососедство и во иден момент да ги решиме овие проблеми, кои ги нарече „мали“. Да бидеме, како што рече, дел од европското семејство што ќе биде многу добро и за целиот регион.

И реизбраниот бугарски претседател Румен Радев очекува активен билатерален дијалог на високо ниво за градење на доверба и надминување на спорните прашања во односите меѓу двете земји, но засега останува на тврдите позиции и смета дека Северна Македонија, а не Бугарија, е таа што „мора да покаже европска зрелост и почит кон вредностите на ЕУ“.

Бугарија ЕУ Македонија преговори Простап решение рокови спор
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Потврдена е првостепената пресуда против претседателот на Република Српска

August 1, 2025

Германија ќе испорача два системи „Патриот“ на Украина како дел од договорот со САД

August 1, 2025

Протест во Шабац против рудникот за литиум

August 1, 2025

Екс премиерот на Хрватска Санадер пуштен на условна слобода

July 31, 2025

Иран: САД мора да ни ја надомести штетата пред новите преговори

July 31, 2025
ФОКУС

Честитки од државниот за Илинден

ВЕСТИ August 2, 2025

Претседателката Гордана Сиљановска-Давкова по повод 2 Август, Илинден – Денот на Републиката, упати честитка до…

Одбележување на Илинден во Крушево, Пелинце и Скопје

August 2, 2025

Кијив: Ден на жалост по смртоносниот напад во кој загинаа најмалку 28 лица

August 1, 2025

Трамп ја намали царината за Македонија на 15 %

August 1, 2025

Претплати се на е-билтенот на НоваТВ

Добиј ги последните вести на твојата е-адреса.

CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.