Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
Фото: Фејсбук профил Салвјанка Петровска

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

СКРМ: Вработените во гостиварскиот театар трпат силен притисок и заплашувања по судските пресуди

0
By Zoran Ivanov on March 26, 2026 ВЕСТИ, КУЛТУРА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Thursday, March 26, 2026 11:49

 СКРМ дојде до сериозно загрижувачки информации за состојбите во Театар Гостивар по донесените осум правосилни судски пресуди.

Вработените во институцијата се изложени на силни притисоци и им се наметнува чувство на вина, како тие да се одговорни за финансиските обврски што произлегуваат од судските постапки. Дополнително, се заплашуваат дека поради нив, театарот може да биде затворен, а тие да останат без работа, реагира Синдикатот на културата на Македонија (СКРМ).

Оттаму тврдат дека на вработените во театарот не им се доставува програмата за работа, со образложение дека средствата од програмата ќе се пренаменат за покривање на судските трошоци.

СКРМ веќе цела година јавно укажува на последиците кои ќе настанат доколку министерот за култура не ја признае грешката во пресметката на платите во културата. Сите последици што произлегуваат од оваа состојба се директен резултат на таквите незаконски насоки и неодговорниот однос, велат од Синдикатот.

Според СКРМ, вработените во културата не прават ништо повеќе од тоа што го користат своето Уставно загарантирано право – преку судски постапки да го остварат она што им следува, а, како што велат, им било ускратено со незаконски акти и упатства донесени од надлежните.

Одговорноста за последиците мора да ја сноси оној што ги донел тие одлуки. Доколку продолжи притисокот врз вработените, СКРМ ќе ги преземе сите законски мерки за нивна заштита. Лицето кое врши притисок ќе биде јавно посочено, а против него ќе бидат покренати соодветни постапки. На крај, упатуваме јасна порака до в.д. директорот на Театар Гостивар: Правосилните судски пресуди мора да се почитуваат и спроведуваат. Платите на вработените треба да се пресметуваат согласно законите и колективните договори, во целост како што е утврдено во судските одлуки. Непочитувањето на судска пресуда претставува кривично дело, стои во реакцијата на СКРМ.

Синдикатот на културата (СКРМ) пред две недели реагираше по предвременото разрешување на директорот на гостиварскиот театар, Сулејман Рушити, прашувајќи дали се работи за реваншизам од министерот за култура и туризам Зоран Љутков. Во Решението што го објави СКРМ стоеше дека Рушити е избран на 16 декември 2022, а се разрешува од директорката позиција пред истек на мандатот.

Исто така, посочија дека разрешувањето доаѓа откако во оваа институција биле донесени правосилни судски пресуди во корист на вработените во културата.

 

 

Гостивар притисок театар
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Граѓанин пронајде тело на бебе во кутии во неговиот дом – полицијата пронајде уште четири

July 28, 2026

Престрелка во САД: Тројца загинаа – рането е дете

July 27, 2026

Абдул Б. е мртов

July 26, 2026

Целата полиција на нозе – сего бара Абдул Б. кој со минибус влета во луѓе во главниот германски град

July 26, 2026

Пожарите во Франција и Шпанија се надвор од контрола – евакуирани се над 220.000 луѓе

July 25, 2026
shortcut
ФОКУС
July 29, 2026

Евростат: Северна Македонија со најнизок стандард и најслаба куповна моќ во Европа

ВЕСТИ July 29, 2026

Северна Македонија и официјално останува заглавена на самото дно во Европа. Најновите податоци на Евростат…

Стоп за законска перална за пари: Граѓанската платформа за борба против корупција реагира на Предлог-Законот за спроведување на проектот „Скопје – Европска престолнина на културата 2028 година“

July 29, 2026

Москва: Русија издаде меѓународна потерница за основачот на Телеграм Павел Дуров

July 29, 2026

Куриозитет: На 61 година го роди своето прво дете – прво па машко

July 26, 2026
ТИКЕР

Граѓанин пронајде тело на бебе во кутии во неговиот дом – полицијата пронајде уште четири

July 28, 2026

Престрелка во САД: Тројца загинаа – рането е дете

July 27, 2026

Абдул Б. е мртов

July 26, 2026

Целата полиција на нозе – сего бара Абдул Б. кој со минибус влета во луѓе во главниот германски град

July 26, 2026

Пожарите во Франција и Шпанија се надвор од контрола – евакуирани се над 220.000 луѓе

July 25, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.