Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

34 години АРМ: Од „боси по трње“ до рамноправна и достојна членка на НАТО

August 16, 2026

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

СКТМ: Откажани аранжманите за 8 март во Италија

0
By Нова ТВ on February 27, 2020 ПОЛИТИКА
Фото: orfej.com.mk
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Thursday, February 27, 2020 14:20

Аранжманите за 8 март во Италија се откажани поради новонастанатата ситуација со коронавирусот, а поради паника и страв се забележани обиди за откажување на аранжмани и за другите региони, велат од Стопанската комора за туризам на Македонија (СКТМ).

Оттаму посочуваат дека туристичките компании веќе трпат штети и оти во моментот не е потребна паника, туку конкретни акции што треба да се преземат. Реагираат бидејќи немаат конкретни насоки од ресорните министерства како треба да постапуваат во вакви ситуации. Бараат од Министерството за транспорт и врски, заедно со авиокомпанијата „Визер“, да заземат став за пролонгирање или рефундирање на уплатените средства за авионски карти за Италија со цел да се обештетат патниците.

Во понеделникот дописи се испратени и до Министерствата за здравство и за надворешни работи, но, како што посочија на денешната прес-конференција, од МНР ги исконтактирале вчера, а сè уште немаат одговор од Министерството за здравство.

„Понудите за региони зафатени со вирусот се повлечени, но имаме откажувања и за другите региони кои не се зафатени. Стравот и паниката се преголеми кај патниците, но и компаниите се во слична ситуација. Затоа вчера испративме допис и до Министерството за економија од каде побаравме да излезат со став за менаџирање во ваква кризна ситуација во услови на виша сила. До овој момент немаме одговор“, истакна Билјана Пејовска – Ристовска, извршна директорка на Комората.

Од Комората велат дека Рим не сака да ги врати веќе уплатените средства за хотелско сместување и ако се враќаат средства, тогаш тоа ќе треба да го направат агенциите на своја рака.

„Само за северна Италија имаме поврат на средства. Бараме барем „Визер“ да ни излезе во пресрет, бидејќи зема субвенции од државата. Двете опции се на маса“, нагласи новиот претседател на Комората, Емил Димитровски.

Според него, паниката ќе биде доведена до ниво да бидат откажани голем дел од аранжманите со што ќе се направи штета и на патниците и на агенциите. Во случај на откажување на аранжман за патување во другите региони, тогаш ќе бидат применети општите услови за патување.

8 март Агенции Аранжмани Италија Корона-вирус туризам
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

77-ми протест против владата на Еди Рама

August 16, 2026

Анкета: Турската опозициска „Нова партија“ води со речиси осум отсто пред партијата на Ердоган

August 14, 2026

Масовен сајбер напад во Полска, украдени се медицински податоци на 19 милиони граѓани

August 13, 2026

Најмалку седум мртви во нападот врз училиште во Тајланд

August 7, 2026

СОЗИС: Украинците повеќе им веруваат на генералите отколку на Зеленски

August 7, 2026
shortcut
ФОКУС
August 16, 2026

Техеран го повика Вашингтон да признае воен пораз

ВЕСТИ August 16, 2026

Ормускиот теснец ќе се отвора и затвора исклучиво под команда на Иран, изјави заменик-шефот на…

Букурешт: Дуња Иванова четврта на Балканот во МТБ маратон во Романија – 73 км. должина и 2.400 м. висинска разлика

August 15, 2026

Њујорк Тајмс: Европа смислува свој формат за преговори за Украина

August 15, 2026

Поглед од морето кон Омиш во пламен – спасувачите објавиja морничава снимка

August 15, 2026
ТИКЕР

77-ми протест против владата на Еди Рама

August 16, 2026

Анкета: Турската опозициска „Нова партија“ води со речиси осум отсто пред партијата на Ердоган

August 14, 2026

Масовен сајбер напад во Полска, украдени се медицински податоци на 19 милиони граѓани

August 13, 2026

Најмалку седум мртви во нападот врз училиште во Тајланд

August 7, 2026

СОЗИС: Украинците повеќе им веруваат на генералите отколку на Зеленски

August 7, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.