Кларенс Седорф повеќе не е селектор на националниот тим, објави Фудбалската федерација на Камерун. Холанѓанецот доби отказ на работното место во камерунската репрезентација по неуспешните настапи на Купот на африкански нации во Египет. Заедно со него заминува и сонародникот Патрик Клајверт кој беше дел од стручниот штаб.

Камерунците, кои на турнирот во Египет отпатуваа со улога на бранители на титулата, беа елиминирани од Нигерија (2:3) во осминафиналето. Седорф го презеде кормилото на Камерун во август минатата година кога потпиша договор на четири години, но нецели 12 месеци подоцна дојде до разделба со работодавачите.