Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

34 години АРМ: Од „боси по трње“ до рамноправна и достојна членка на НАТО

August 16, 2026

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Случај „дрон“: Морина поднесе жалба и барање за азил во Хрватска

0
By Нова ТВ on August 1, 2017 СПОРТ
Фото: indeksonline.net
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Tuesday, August 1, 2017 00:16

Исмаил Морина поднесе жалба на одлуката на судот во Дубровник за екстрадиција во Србија, но поднесе и барање за политички азил во Хрватска. Ова го потврди неговиот адвокат Дарко Бутиган бидејќи, како што вели, „неговиот клиент стравува дека би имал фер судење во Белград“. Српските власти распишаа меѓународна потерница за 35 годишниот Албанец од Кукс кој се сомничи дека го управувал дронот што предизвика на фудбалскиот натпревар меѓу репрезентациите на Србија и на Албанија, во октомври во 2014 година, во квалификациите за ЕП 2016.

„Република Србија бара испорака на Исмаил Морина според членот 317 став 3 од Кривичниот законик за казнено дело предизвикување на национална, верска и расна омраза и нетрпеливост. Низ целата постапка тврдиме дека предметното знаме што слета на стадионот не содржи никакви елементи на што повикуваат на нацинонална, расна или било каква друга омраза меѓу народите“, изјави Бутиган за радио „Слободна Европа“.

На предметното знаме, појаснува Бутиган, има фотографии на двајца татковци на албанската нација, Иса Болетини и Исмаил Ќемали, кои на конференцијата во Лондон во 1913 година барале Албанија да биде во границите прикажани меѓу нивните ликови на платното прикачено на дронот.

„Тоа е се што тоа знаме говори. По мечот немаше ескалации на насилства меѓу Албанците и Србите ниту пак беше потикната било каква расна или национална омраза меѓу народите. Одговорност за инцидентот што се случи паѓа на полицијата и организаторот на натпреварот. Нивни е пропустот што навивачите влегоа на терен каде не им е место“, додава правниот застапник од Дубровник за радион „Слободна Европа“.

И додека за случајот „дрон“ во Хрватска се говори исклучиво во правосудни категории, медиуми во регионот, покрај одбраната, му даваат политичка конотација. Весникот „Бота Сот“ од Приштина објави дека Морина нема да биде испорачан на Србија „благодарение на големиот пријател на Албанците, поранешниот хрватски претседател Стипе Месиќ“.

„Морина дефинитивно нема да биде предаден на Србија. Заслуга за тоа имаат нашите пријатели и познаници во Хрватска“, напиша Наим Мурсел под фотографијата на Месиќ и Беџет Пацоли, лидер на Алијансата за ново Косово, што ја објави на социјалните мрежи.

Вучиќ: Не преговараме за извршители на кривични дела

Реакција по последните случувања во врска со Исмаил Морина дојде и од српскиот премиер Александар Вучиќ кој нагласи дека нема преговори за извршители на кривични дела.

„Ние нашата работа ја завршивме и чекаме одлука. Во врска со ова нема што да разговараме ниту да преговараме со некој“, порача Вучиќ.

Морина во јуни беше уапсен од хрватската полиција во Дубровник по распишана потерница од Србија. Тамошниот суд донесе првостепено решение за екстрадиција на албанскиот државјанин. Неговиот, пак, правен застапник поднесе жалба пред Врховниот суд на Хрватска чија одлука се очекува во Белград.

Александар Вучиќ Исмаил Морина Случај „Дрон“ Србија Хрватска
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

77-ми протест против владата на Еди Рама

August 16, 2026

Анкета: Турската опозициска „Нова партија“ води со речиси осум отсто пред партијата на Ердоган

August 14, 2026

Масовен сајбер напад во Полска, украдени се медицински податоци на 19 милиони граѓани

August 13, 2026

Најмалку седум мртви во нападот врз училиште во Тајланд

August 7, 2026

СОЗИС: Украинците повеќе им веруваат на генералите отколку на Зеленски

August 7, 2026
shortcut
ФОКУС
August 16, 2026

Техеран го повика Вашингтон да признае воен пораз

ВЕСТИ August 16, 2026

Ормускиот теснец ќе се отвора и затвора исклучиво под команда на Иран, изјави заменик-шефот на…

Букурешт: Дуња Иванова четврта на Балканот во МТБ маратон во Романија – 73 км. должина и 2.400 м. висинска разлика

August 15, 2026

Њујорк Тајмс: Европа смислува свој формат за преговори за Украина

August 15, 2026

Поглед од морето кон Омиш во пламен – спасувачите објавиja морничава снимка

August 15, 2026
ТИКЕР

77-ми протест против владата на Еди Рама

August 16, 2026

Анкета: Турската опозициска „Нова партија“ води со речиси осум отсто пред партијата на Ердоган

August 14, 2026

Масовен сајбер напад во Полска, украдени се медицински податоци на 19 милиони граѓани

August 13, 2026

Најмалку седум мртви во нападот врз училиште во Тајланд

August 7, 2026

СОЗИС: Украинците повеќе им веруваат на генералите отколку на Зеленски

August 7, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.