Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
Фото: Фејсбук профил Салвјанка Петровска

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Случај српско брашно: Нема поголеми давачки, туку поголема контрола

0
By Нова ТВ on March 3, 2018 ЕКОНОМИЈА, ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Saturday, March 3, 2018 16:47

Македонија eдинствено го промени редоследот на активности при увозот на брашно заради заштита на здравјето на граѓаните. Ниту воведува нови давачки, ниту, пак, нецарински и нетарифни бариери, туку напротив ја олеснуваме постапката и протокот и ја намалуваме цената на контролните маркици за увозното брашно, изјави денеска министерот за земјоделство Љупчо Николовски, појаснувајќи го проблемот што се појави со српските производители на брашно, кои обвинија за зголемување на трошоците за извоз и побараа од Белград да преземе контрамерки.

– Не мислам дека имаме трговски спор со Србија. Македонија само го промени редоследот на активности при увозот на брашно во рамки на истиот правилник без да воведуваме нови услови. Сега прво се прави анализа на увезеното брашно од страна на Агенцијата за храна и ветеринарство, а потоа се добиваат контролните маркици од Министерството. Досега било обратно, прво се давале контролните маркици и брашното се пуштало во промет, а по седум до 10 дена се добивале анализите од АХВ, рече министерот Николовски.

Напротив, тој објасни дека давачките за увозниците се намалуваат – цената на контролните маркици од 1,5 на 0,2 денари  за брашно од 25 килограми.

– Контролните маркици се воведени на барање на увозниците и на домашната индустрија и со правилникот само се изедначуваат домашните производители со увозниците. Логично и нормално е прво да се направат анализите, а потоа да се пушти брашното во промет. Наместо да се лепат контролните маркици во Србија и брашното да стига  на граница со залепени контолни маркици и веднаш да се пушта во промет, сега ќе треба да биде складирано во магацините кои ги имаат регистрирано увозниците, а по проверките од АХВ да биде ставено во промет, појасни Николовски.

Тој рече дека во тек се разговорите со српскиот министер Расим Љаиќ.

– Убеден сум дека ќе најдеме начин да се реши овој притисок кој доаѓа од македонските увозници во соработка со српските трговци со брашно. Се дискутираат аргументите и има конкретни предлози како да се надмине проблемот, а со министерот Љаиќ се договоривме да се формира комитет помеѓу двете земји, кој во рок од 30 дена ќе ги отвори сите можни прашања. Закажана е и заедничка меѓувладина седница во Ниш, рече Николовски и додаде дека не постои никаква трговска војна меѓу двете држави.

Средбата меѓу Николовски и Љаиќ што требаше да се одржи вчера е откажана, а Србија се закани дека ќе воведе контрамерки против увозот на македонски производи доколку во текот на претстојниот викенд не биде постигната согласност околу новиот Правилник.

Правилникот што стапи во сила на 8 февруари предвидува контролни маркички на брашното да се ставаат по увезување на пратките и нивната контрола, а не пред да се реализира извозот во Македонија, предизвика реакции кај извозниците од Србија, а отиде до дотаму што деловната асоцијација на индустриски мелници, пекари и производители на тестенини „Житоунија“ од Нови Сад побара од министерот Љаиќ, српската влада да воведе реципрочни мерки за македонските производи што се увезуваат во Србија.

Според Законот за квалитет на земјоделски производи, „брашното може да се стави во промет ако е означено со контролна марка и ги исполнува условите за промет и за квалитет утврдени со овој закон“.

За српските производители, Македонија е трет извозен пазар на кој годишно пласираат 30.000 до 40.000 тони брашно.

брашно Љаиќ Николовски разговори Србија
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Прва оставка во бугарската влада

May 12, 2026

Автомобил се забил во толпа во Германија – има загинати и повредени

May 4, 2026

Бугарската полиција откри огромен подземен град од канабис во стар рудник

April 30, 2026

Локација во Бугарија со 70 пати поголема радијација од нормалната – наредба за мерки за претпазливост

April 29, 2026

Косово на прагот на нови предвремени избори

April 29, 2026
shortcut
ФОКУС
May 13, 2026

Иран постави пет услови за нови разговори со САД

ВЕСТИ May 13, 2026

Иран нема да влезе во втората рунда преговори со САД додека не се исполнат пет…

ЕУ сепак ќе разговара со Путин – се бара посредник засега меѓу Меркел и Макрон

May 11, 2026

Техеран: Иран го отфрли планот на САД – цените на нафтата веднаш скокнаа

May 11, 2026

Скопје: Наша Европа. Посилни заедно – 9-ти мај ден на Европа

May 9, 2026
ТИКЕР

Прва оставка во бугарската влада

May 12, 2026

Автомобил се забил во толпа во Германија – има загинати и повредени

May 4, 2026

Бугарската полиција откри огромен подземен град од канабис во стар рудник

April 30, 2026

Локација во Бугарија со 70 пати поголема радијација од нормалната – наредба за мерки за претпазливост

April 29, 2026

Косово на прагот на нови предвремени избори

April 29, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.