Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

34 години АРМ: Од „боси по трње“ до рамноправна и достојна членка на НАТО

August 16, 2026

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Опремата за следење која МОН ја даде на МВР се најде во ревизијата

0
By Нова ТВ on October 28, 2016 ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Friday, October 28, 2016 16:04

Државната ревизија ги потврди злоупотребите со опремата наменета за студентите. И три години по кривичнатта пријава, исход нема. Дали и ревизорот никој нема да го есапи.

Министерката за труд и социјална политика, Фросина Ременски денеска се појави на разговор во Обвинителството за организиран криминал, каде пред три ипол години како продеканка на Факултетот за безбедност поднесе пријава за исчезнатите  три врвни лаборатории за крим вештачења и пресретнување на елеконтронските комуникации. Тогаш таа обелодени дека опремата се набавила во рамки на големиот проект на владата за осовременување на Универзитетите, но според државната ревизија, овие лаборатии никоаш не стасале на Факултетот за безбедност. Намерата од самиот старт била Факултетот да послужи како параван за набавка за софистицирани лаборатоориии за следење за Министерството за внатрешни работи.

Видео од тогашното истражување на НОВАТВ за исчезнатите лаборатории за кои се потврди дека навистина завршиле во  МВР. 

„Повеќе од два часа имавме сериозна дебата со обвинителката која го води случајот откако уште во април 2013-та ја поднесов пријавата во јавното обвинителство“, изјави Ременски по разговорот. Таа рече дека и покрај тоа што поминале повеќе од три години, овој случај во кој Министерството за образование и наука се товари дека купило лаборатории од четири милиони евра, кои потоа завршиле во Министерството за внатрешни работи, се уште е во предистражна постапка.

„Последната информација зборува за техничка грешка во доделен договор за јавна набавка вреден 2,4 милиони евра, тој требало да биде 730 илјади евра, иако сите документи и договори се потпишани на вредност од над 151 милион денари, што отвара прашање зошто сите договори се на таа сума, а сега одеднаш станува збор за техничка грешка која што тешко може да се докаже или да се прифати како вистина“, изјави Ременски, пренесе А1он.

Според неа, дел од пријавата била и софистицирана опрема со која може да се пресретнуваат електронски комуникации и да се преземаат податоци од компјутери на физички и правни лица.

„Во МВР се употребува за вештачења на предмети од кривични дела, што значи дека доаѓаме до еден апсурд, самата опрема што е дел од кривичо дело вештачи предмети од кривични дела. Добив уверување дека сите активности кои се преземаат од страна на обвинителството и дополнетото доставување на информации од мене како пријавител тогаш во вршење на должност продекан и професор на факултетот за безбедност, ќе заврши со обвинение во кое што би имало најмалку 20 обвинтети лица, со што се вклучени и актуелни министри и актуелни вицепремиери во владата заради фактот што во минатото извршувале и други функции во владата“, рече Ременски.

Како се отвори аферата „Исчезнати криминалистички лаборатории“

Како тазе именуван продекан за настава на Факултетот за безбедност, професорката Фросина Ременски во 2012 прв пат, сосема случајно, во комуникација со МОН, а при подготовка на документи за акредитација на нова наставна програма за која биле потребни лабаратории, увидела дека факултетот поседува три врвни лаборатории за крим вештачења и пресретнување на комуникациите – опрема која никој не ја видел. Лабораториите биле доделени во рамки на повикот на владата за опремување на научно-истражувачки и апликативни лаборатории, но веднаш по доделувањето опремата била предадена на владение на МВР.

За овој скандал во тоа време Ременски поднесе и кривична пријава заедно со невладината „Транспарентност Интернешнл“. Прашаата кои се покренаа во јавноста беа повеќе: Зошто никој не знаел за опремата која сигурно би била голема вест на универзитетот имајќи ги во предвид условите во кои работат? Зошто установата која нема своја лабораторија би ја давала новата опрема на МВР? Како се случило примопредавањето, каде се документите за тоа и каде е опремата? МВР во тоа време молчеше, а скорешната ревизија на ДЗР за работата на Министерстото за образование и наука ги  потврди нивните наоди.

Државниот завод за ревизија констатира дека иако набавката на трите лаборатории била за потребите на Факултетот за безбедност, опремата не е испорачана на факултетот, односно нема записник за извршено примопредавање.

„Опремата е испорачана директно во МВР – ооддел за криминалистичка техника со што не е испочитуван член 8 од договорите за набавка на опремата склучени помеѓу министерството и носителот на набавката каде е наведено дека носителот на набавката е обврзан горенаведените лаборатории да ги достави на факултет/научен институт“, се вели во ревизорскиот извештај.

Државен завод за ревизија Кривична пријава МВР МОН Следењ на комуникациите
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

77-ми протест против владата на Еди Рама

August 16, 2026

Анкета: Турската опозициска „Нова партија“ води со речиси осум отсто пред партијата на Ердоган

August 14, 2026

Масовен сајбер напад во Полска, украдени се медицински податоци на 19 милиони граѓани

August 13, 2026

Најмалку седум мртви во нападот врз училиште во Тајланд

August 7, 2026

СОЗИС: Украинците повеќе им веруваат на генералите отколку на Зеленски

August 7, 2026
shortcut
ФОКУС
August 16, 2026

Техеран го повика Вашингтон да признае воен пораз

ВЕСТИ August 16, 2026

Ормускиот теснец ќе се отвора и затвора исклучиво под команда на Иран, изјави заменик-шефот на…

Букурешт: Дуња Иванова четврта на Балканот во МТБ маратон во Романија – 73 км. должина и 2.400 м. висинска разлика

August 15, 2026

Њујорк Тајмс: Европа смислува свој формат за преговори за Украина

August 15, 2026

Поглед од морето кон Омиш во пламен – спасувачите објавиja морничава снимка

August 15, 2026
ТИКЕР

77-ми протест против владата на Еди Рама

August 16, 2026

Анкета: Турската опозициска „Нова партија“ води со речиси осум отсто пред партијата на Ердоган

August 14, 2026

Масовен сајбер напад во Полска, украдени се медицински податоци на 19 милиони граѓани

August 13, 2026

Најмалку седум мртви во нападот врз училиште во Тајланд

August 7, 2026

СОЗИС: Украинците повеќе им веруваат на генералите отколку на Зеленски

August 7, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.