Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

34 години АРМ: Од „боси по трње“ до рамноправна и достојна членка на НАТО

August 16, 2026

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Снимки од собраниските камери се гледаат на судењето за Села

1
By Нова ТВ on April 27, 2018 ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Friday, April 27, 2018 14:07

Со презентирање на видео снимки и фотографии од настаните во Собранието од 27 април, минатата година денеска во Кривичниот суд во Скопје, токму на годишнината од насилствата во македонскиот Парламент, продолжи судењето за нападот врз пратеникот Зијадин Села за кој обвинети се десет лица.

На рочиштето досега беа презентрирани две снимки од безбедносните камери во Законодавниот дом, поставени пред влезот во прес-салата, кои се прикажуваат за прв пат во јавноста.

Од снимките можеше да се види кој се влегол во прес-салата, а обвинителот Дарко Јакиимовски ги посочуваше обвинетите, како и и сведоците.

На правата снимка се гледа како надоаѓаат маскирани луѓе со фантомки и качулки на главите, со кои доаѓа и помала група луѓе без маски.

Во тие моменти тогашната пратеничка, а сега министерка за одбрана Радмила Шекеринска и други пратеници, новинари и собраниски службеници набрзина влегуваат во прес-салата. Надвор пред салата остануваат Сашо Тасевски, обезбедувањето на Оливер Спасовски и обезбедувањето на Зоран Заев, Александар Трајков, заедно со неколкумина членови на собраниското обезбедување.

Тогаш се гледаа и првиот физички контакт, односно Тасевски добива удар од луѓето кои надоаѓаат, а дел се со фантомки на главите. Потоа надојдената толпа се повлекува. По неколку секунди повторно се собираат луѓе, кои стануваат агресивни и насилни, бидејки во еден момент се забележува како летнува на подот сефот на собраниското обезбедување.

Моментот на влегување на толпата во прес центарот не е забележан, туку се гледа само како голем број на луѓе се движат во двата правци, кон и надвор од прес центарот, каде што се случи нападот врз пратениците. Кога толпата навлезе во прес центарот, дел од пратениците и новинарски екипи се забележува како успеваат да излезат, односно во последен момент да се спасат од нападот кој се случил потоа. Во еден момент еден од толпата успева да ја помести камерата по што се намалува аголот кој се снима, односно половина од снимката е бел ѕид.

Набрзо следува снимката со изнесувањето на Села од прес-салата, но поради намалениот агол на камерата, се гледа само еден мал дел од овој клучен момент. Сепак обвинителот препозна дел од обвинетите кои го носат Села.

Еден од обвинетите, кога покрај него го носат Села, замавнува со ногата, но не може да се види дали го удира пратеникот или дали воопшто некој друг го удрил. Потоа некој повторно ја поместува камерата и аголот целосно се губи.

По паузата судот ќе продолжи со презентирање и на останатите снимки кој ги поседува обвинителството.

За обидот за убиство на Зијадин Села на 27 април минатата година обвинети се Кире и Цеко Ѓорѓиевски, Оливер Ошавковски, Саша Сенков, Николче Димитриевски, Александар Јаневски – Тошта, Андреј Мицов, Никола Војминовски, Коста Делов и Стојан Павловски – Кобра. Обвинетите за обид за убиство на пратеникот Зијадин Села на претходите рочишта се изјаснија за невини.

27.април Зијадин Села обид за убиство снимки Собрание судење
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

77-ми протест против владата на Еди Рама

August 16, 2026

Анкета: Турската опозициска „Нова партија“ води со речиси осум отсто пред партијата на Ердоган

August 14, 2026

Масовен сајбер напад во Полска, украдени се медицински податоци на 19 милиони граѓани

August 13, 2026

Најмалку седум мртви во нападот врз училиште во Тајланд

August 7, 2026

СОЗИС: Украинците повеќе им веруваат на генералите отколку на Зеленски

August 7, 2026
shortcut
ФОКУС
August 16, 2026

Техеран го повика Вашингтон да признае воен пораз

ВЕСТИ August 16, 2026

Ормускиот теснец ќе се отвора и затвора исклучиво под команда на Иран, изјави заменик-шефот на…

Букурешт: Дуња Иванова четврта на Балканот во МТБ маратон во Романија – 73 км. должина и 2.400 м. висинска разлика

August 15, 2026

Њујорк Тајмс: Европа смислува свој формат за преговори за Украина

August 15, 2026

Поглед од морето кон Омиш во пламен – спасувачите објавиja морничава снимка

August 15, 2026
ТИКЕР

77-ми протест против владата на Еди Рама

August 16, 2026

Анкета: Турската опозициска „Нова партија“ води со речиси осум отсто пред партијата на Ердоган

August 14, 2026

Масовен сајбер напад во Полска, украдени се медицински податоци на 19 милиони граѓани

August 13, 2026

Најмалку седум мртви во нападот врз училиште во Тајланд

August 7, 2026

СОЗИС: Украинците повеќе им веруваат на генералите отколку на Зеленски

August 7, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.