Собранието на денешната седница со 77 гласа „за“, ниту еден против и воздржан го донесе Законот за изменување на Изборниот законик, поднесен од пратеничките групи на владејачкото мнозинство и опозицијата.

Со измените на Изборниот законик е предвидено составот на Државната изборна комисија да биде во согласно со постоечкиот однос на партиите во Собранието.

Пратеникот Петре Шилегов од СДСМ рече дека со тоа се отвора можност во ДИК член да добие движењето БЕСА.

Претходно денеска, пратеникот на БЕСА Фадил Зендели на прес-конференција во Собранието изјави дека очекуваат да имаат член на Државната изборна комисија, додека во спротивно, истакна Зендели, одлуките на ДИК би биле нелегални и нелегитимни.