Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Собранието ќе расправа за Буџетот,Зврлевски денеска не е на дневен ред

0
By Нова ТВ on July 14, 2017 ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Собранието денеска треба да ја одржи 8. седница на чиј дневен ред се Предлог на завршната сметка на Буџетот на РМ за 2016 година, повеќе закони поднесени од опозицијата и годишните извештаи на повеќе институции.

Нема информација дали денеска ќе има ново продолжение на шестата седница, на која точка на дневен ред е разрешувањето на државниот јавен обвинител Марко Зврлевски.

Вчера, претседателот на Собранието, Талат Џафери, го прекина продолжението на собраниската седница откако координаторот на една од пратеничките групи на ВМРО-ДПМНЕ, Илија Димовски, повторно побара пратениците да прекинат со работа во 18 часот бидејќи голем дел од нив сакаат да го одбележат верскиот празник Павловден со своите семејства.

Пратениците на денешната седница треба да расправаат по предлог законите за изменување и дополнување на Кривичниот законик во прво читање, како и Предлог – законот за дополнување на Законот за извршување на Буџетот на Република Македонија за 2017 година, по скратена постапка.

На дневен ред се и предлог закони во прво читање поднесени од пратеници од опозицијата како што се Предлог- законот за докторска дејност, Предлог-законот за дополнување на Законот за исплата на платите во Република Македонија, Предлог-законот за изменување и дополнување на Законот за извршување, Предлог-законот за изменување на Законот за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги и Предлог-законот за изменување на Законот за јавното обвинителство.

На оваа седница ќе бидат разгледани и годишните извештаи на повеќе институции.

буџет Марко Зврлевски Собрание
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Пукотници на универзитет во Пенсилванија: Една жртва и шест повредени

October 26, 2025

Двајца словенечки министри дадоа оставки по убиството во Ново Место

October 26, 2025

Косовското собрание не го избра Курти за премиер

October 26, 2025

Француската полиција уапсила двајца осомничени за грабежот во Лувр

October 26, 2025

Лидерите на Тајланд и Камбоџа потпишаа проширен договор за прекин на огнот во присуство на Трамп

October 26, 2025
ФОКУС

Трамп до Путин: Нема да губам време

ВЕСТИ October 26, 2025

 Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека нема да се сретне со рускиот претседател Владимир Путин…

Родителите на загинатите во „Пулс“: Каде беа институциите кога ни изгореа децата?

October 25, 2025

Католичките свештеници за помалку од пет години сексуално злоупотребиле 4.451 лица

October 24, 2025

Данела Арсовска: Советот на Град Скопје и Управниот одбор се одговорни за состојбата во „Комунална хигиена“

October 23, 2025
ТИКЕР

Пукотници на универзитет во Пенсилванија: Една жртва и шест повредени

October 26, 2025

Двајца словенечки министри дадоа оставки по убиството во Ново Место

October 26, 2025

Косовското собрание не го избра Курти за премиер

October 26, 2025

Француската полиција уапсила двајца осомничени за грабежот во Лувр

October 26, 2025

Лидерите на Тајланд и Камбоџа потпишаа проширен договор за прекин на огнот во присуство на Трамп

October 26, 2025
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.