Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

34 години АРМ: Од „боси по трње“ до рамноправна и достојна членка на НАТО

August 16, 2026

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Собранието потврди: Груевски сакал да се откаже од правото на имунитет

0
By Нова ТВ on July 3, 2017 ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Monday, July 3, 2017 17:00

Собранието денеска преку соопштение ја потврди информацијата дека лидерот на опозицијата на 30 јуни поднел известување дека сака да се откаже од правото на имунитет. Тој барањето го поднел до Комисијата за деловнички и мандатно имунитетни прашања во Собранието.

Од Собранието велат дека оваа комисија не е надлежна за тоа прашање.

„Во врска со известувањето од страна на пратеникот Никола Груевски за откажување од правото на имунитет, доставено до Комисијата за деловнички и мандатно-имунитетни прашања на Собранието на Република Македонија, на 30 јуни, ве известуваме дека Комисијата не е надлежна да постапува по ова известување. Согласно член 53 од Деловникот на Собранието на Република Македонија, појаснуваат од таму, Комисијата постапува по барање за одобрување притвор, кое надлежниот орган, односно судот, го доставува до претседателот на Собранието на Република Македонија, по што барањето се доставува до Комисијата“, соопштија од Кабинетот на претседателот на Собранието.

Известувањето на Груевски за откажување од имунитетот следува по обвиненијата што ги поднесе Специјалното јавно обвинителство. Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ е директно осомничен во „Титаник“ (за изборни измами), „ТНТ“ (за уривањето на „Космос“), „Тенк“ (за набавка на „мерцедес“) и „Траекторија“ (за изградба на автопат).

Се уште нема информација каква одлука донеле Кривичните совети на Кривичниот суд за предметите во кои обвинет е Груевски.

барање пратенички имунитет притвор СЈО Собрание
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Пробиви, нови ризици и битка за довербата во вештачката интелигенција

October 21, 2026

Ризик од нов бран поскапувања на храната: Што може да се очекува во 2027 година (ИНФОГРАФИК)

October 21, 2026

Пијано рецитал „Ехо на несвесното“ на Дуња Иванова: Музичко-филозофско патување во КИЦ

October 20, 2026

Мерц: „ЕУ не е затворен клуб“ – што ја спречува Северна Македонија да напредува?

October 19, 2026

Мицкоски во маѓепсаниот круг на европските интеграции

October 18, 2026
shortcut
ФОКУС
September 30, 2026Updated:September 30, 2026

Мицкоски пред средбата со Фон дер Лајен: Подготвени сме за разговор и решение, обврските ги наследивме од претходната власт

ПОЛИТИКА September 30, 2026

Претседателката на Европската комисија Урсула фон дер Лајен в петок, 2 октомври, ќе престојува во…

Исланд гласа за или против обновување на преговорите за членство во Европска Унија

August 29, 2026

Техеран го повика Вашингтон да признае воен пораз

August 16, 2026

Букурешт: Дуња Иванова четврта на Балканот во МТБ маратон во Романија – 73 км. должина и 2.400 м. висинска разлика

August 15, 2026
ТИКЕР

Пробиви, нови ризици и битка за довербата во вештачката интелигенција

October 21, 2026

Ризик од нов бран поскапувања на храната: Што може да се очекува во 2027 година (ИНФОГРАФИК)

October 21, 2026

Пијано рецитал „Ехо на несвесното“ на Дуња Иванова: Музичко-филозофско патување во КИЦ

October 20, 2026

Мерц: „ЕУ не е затворен клуб“ – што ја спречува Северна Македонија да напредува?

October 19, 2026

Мицкоски во маѓепсаниот круг на европските интеграции

October 18, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.