Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

34 години АРМ: Од „боси по трње“ до рамноправна и достојна членка на НАТО

August 16, 2026

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Комисија за надворешна политика: Едногласно за Протоколот за НАТО

0
By Нова ТВ on February 11, 2020 ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Tuesday, February 11, 2020 13:10

Собранската Комисија за надворешна политика едногласно го поддржа Предлог законот за ратификација на Протоколот за членство на Северна Македонија во НАТО што треба да биде усвоен и на денешната свечена пленарна седница со присуство на целиот државен врв и на високи претставници на земјите од регионот како и од Парламентарното Собрание на НАТО. 

Како што образложи заменик министерот за надворешни работи, Андреј Жерновски, Северноатлантскиот договор содржи 15 члена од кои колективната одбрана се смета за главен принцип или темел на сојузот. При тоа, рече правото на самоодбрана се смета за основно право на секоја држава предвидено со Повелбата на ОН. Важно е да се напомене и дека, според член 3 од Договорот, секоја од државите во овој сојуз треба да изгради и да поседува сопствени одбранбени капацитети како и дека страните ќе ги развиваат, исто така, и колективните капацитети за спротивставување на вооружени напади.

Членството на Северна Македонија во НАТО, додаде тој, е наша основна стратешка цел и претствува долгорочен надворешно – политички приоритет, а првата одлука за зачленување во НАТО е донесена од Собранието уште во 1993 година. Од тогаш до денес, посочи тој, во различни временски периоди се донесени повеќе декларации кои ја истакнуваат нашата определба за пристапување во НАТО, рече Жерновски.

 „Членството на Северна Македонија е гаранција за македонската национална сигурност и темелен предуслов за натамошен напредок на македонското општетство во согласност со темелната вредност во Уставот. Со зачленување во НАТО, активно ќе придонесеме за сопствената национална сигурност, на регионалната безбедност како и на сигурноста на самата НАТО Алијанса“, кажа Жерновски.

Постапката за пристапувањето на земјата во НАТО, додаде, ќе се смета за завршена со предавање на инструментот за пристапување на земјата до владата на САД како депозитар на Северноатлантскиот договор. Нагласи и дека спроведувањето на Договорот ќе предизвика финансиска обврска за државата и определување на дополнителни средства од буџетот.

Пристапувањето во НАТО е начелно одредено во 2020 година како временска рамка за стапување во сила на Договорот за членството. Точниот износ на потребните средства и динамиката за плаќање ќе бидат утврдени во посебна информација со платформа која ќе се достави до Владата каде ќе се утврди точната висина на финансиските средства како и начинот на донесување.

По куса пауза беше отфрлен предлогот во предложениот законски текст да се интеревенира во член 4 со кој ќе се посочи на очекуваната ратификација на Протоколот за НАТО во Шпанија која треба да се случи во текот на март месец.

Се предвидува денешната ратификација која предвреме се ратификува поради предвремените парламентарни изброи на 12 април, да стапи во сила со денот на објавување во Службен весник, а по ратификацијата на Шпанија.

Процесот на пристапување во НАТО за Северна Македонија започна во февруари лани со потпишување на Договорот за членство од страна на сите 29 земји членки на Алијансата. Договорот досега е ратификуван од 28 членки, а откако Шпанија ќе го ратификува и депонира инструментот во Вашингтон, по известување од генералниот секретар Јенс Столтенберг, и Република Северна Македонија треба да го стори истото со што ќе стане полноправна членка на Алијансата.

Комисија за надворешна политика НАТО Протокол Собрание
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Франција: Нов бран ученички и студентски протести најавен за 6 октомври

October 4, 2026

Попустот на изданијата на ЦИВИЛ и Frontline Press во книжарницата „Или-Или“ – продолжува

October 3, 2026

На која страна си ти?

October 3, 2026

По посетата на Фон дер Лајен: Љубезни пораки, но без промена на условите за европскиот пат

October 2, 2026

Фон дер Лајен денеска во Скопје на средби со државниот врв – што може да се очекува?

October 2, 2026
shortcut
ФОКУС
September 30, 2026Updated:September 30, 2026

Мицкоски пред средбата со Фон дер Лајен: Подготвени сме за разговор и решение, обврските ги наследивме од претходната власт

ПОЛИТИКА September 30, 2026

Претседателката на Европската комисија Урсула фон дер Лајен в петок, 2 октомври, ќе престојува во…

Исланд гласа за или против обновување на преговорите за членство во Европска Унија

August 29, 2026

Техеран го повика Вашингтон да признае воен пораз

August 16, 2026

Букурешт: Дуња Иванова четврта на Балканот во МТБ маратон во Романија – 73 км. должина и 2.400 м. висинска разлика

August 15, 2026
ТИКЕР

Франција: Нов бран ученички и студентски протести најавен за 6 октомври

October 4, 2026

Попустот на изданијата на ЦИВИЛ и Frontline Press во книжарницата „Или-Или“ – продолжува

October 3, 2026

На која страна си ти?

October 3, 2026

По посетата на Фон дер Лајен: Љубезни пораки, но без промена на условите за европскиот пат

October 2, 2026

Фон дер Лајен денеска во Скопје на средби со државниот врв – што може да се очекува?

October 2, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.