Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Согласно договорот во јули: Странските борбени сили за 15 дена ќе го напуштат Ирак

0
By Sashko on November 25, 2021 СВЕТ
Фото: moderndiplomacy.eu
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Ирак и САД во јули се договорија до крајот на годината да се повлечат сите американски борбени трупи. Агенцијата „Анадолија“ пренесува дека според овој договорот, странските сили ќе го напуштат Ирак во рок од 15 дена.

Генерал-мајор Тахсин ал-Кафаџи, портпарол на заедничката оперативна команда, за ирачката државна агенција кажа дека заминувањето на странските сили се одвива според планот. Тој, меѓутоа, додаде дека во воената база „Аин ал Ашад“ ќе остане ограничено странско присуство.

Поголемиот дел од борбените сили го напуштија Ирак, оставајќи ги само советниците и оние кои работат во областа на разузнавањето, извидувањето и обуката, додаде Ал-Кафаџи.

На покана на ирачката Влада, САД од 2014 година ја предводеше меѓународната коалиција во борбата против Исламска држава. Американските воени бази во Ирак во последните месеци беа цели на серија ракетни напади, а Вашингтон за нив најчесто ги обвинуваше вооружените фракции лојални на Иран.

Согласно одлуката на ирачкиот Парламент од јануари 2020 година ирачките политичари побараа повлекување на американските војници од оваа земја.

војска Ирак повлекување рок САД Свет
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Пукотници на универзитет во Пенсилванија: Една жртва и шест повредени

October 26, 2025

Двајца словенечки министри дадоа оставки по убиството во Ново Место

October 26, 2025

Косовското собрание не го избра Курти за премиер

October 26, 2025

Француската полиција уапсила двајца осомничени за грабежот во Лувр

October 26, 2025

Лидерите на Тајланд и Камбоџа потпишаа проширен договор за прекин на огнот во присуство на Трамп

October 26, 2025
ФОКУС

Трамп до Путин: Нема да губам време

ВЕСТИ October 26, 2025

 Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека нема да се сретне со рускиот претседател Владимир Путин…

Родителите на загинатите во „Пулс“: Каде беа институциите кога ни изгореа децата?

October 25, 2025

Католичките свештеници за помалку од пет години сексуално злоупотребиле 4.451 лица

October 24, 2025

Данела Арсовска: Советот на Град Скопје и Управниот одбор се одговорни за состојбата во „Комунална хигиена“

October 23, 2025
ТИКЕР

Пукотници на универзитет во Пенсилванија: Една жртва и шест повредени

October 26, 2025

Двајца словенечки министри дадоа оставки по убиството во Ново Место

October 26, 2025

Косовското собрание не го избра Курти за премиер

October 26, 2025

Француската полиција уапсила двајца осомничени за грабежот во Лувр

October 26, 2025

Лидерите на Тајланд и Камбоџа потпишаа проширен договор за прекин на огнот во присуство на Трамп

October 26, 2025
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.