За Нова ТВ од Букурешт: Сашко Ѓ. Димовски
Македонија, сепак, изгоре во желбата за позитивен вовед на 16. Европско фудбалско првенство. Австрија попладнево во Букрешт ги совлада „црвено-жолтите“ со 3:1 во премиерниот меч од групата Ц.
Штефан Лајнер во 18 минута им донесе водство на Австријците со 1:0, на 1:1 израмни Пандев во 28 минута по конфузијата во противничката одбрана и со тој резултат се замина на полувреме.
Продолжението мина во знакот на Австријците. По враќање од соблекувална, извршија силен притисок што резултира со погодок на Михаел Григорич во 78 минута, а конечните 3:1 ги постави Марко Арнаутовиќ во 89 минута.
Македонија во четврток од 15 часот ќе игра против Украина во второто коло во групата Ц.
Во првиот денешен дуел на ЕП, Англија ја порази Хрватска со 1:0, со погодокот на Рахим Стерлинг во 57 минута.