Сојузот на средношколци го повика Просветниот инспекторат да ги објави имињата на училиштата што незаконски им наплаќаа за свидетелства на своите ученици.

– Знаеме кои сте вие и си знаете кои сте вие. Да ги вратите парите на учениците што ги наплативте за свидетелства, порачуваат од Средношколскиот сојуз.

Некои училишта прават бизнис од јавното образование, нагласуваат од Сојузот, чудејчи се зошто Бирото за образование од неразјаснети причини не ги обезбедило свидетелствата.

– Во година во која наставата беше онлајн со полуобучени или воопшто необучени наставници, срамно е на учениците да им се наплаќа за свидетелства, велат од Средношколски сојуз.

Станува збор за четири училишта што наплатуваа за свидетелства на учениците, а тоа се средните училишта за економија и за медицина од Тетово, скопската гимназија „Зефљуш Марку“ и прилепската гимназија „Мирче Ацев“, повторија од Средношколскиот сојуз.