Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Солун: Протест против името, контрапротест против национализмот

7
By Нова ТВ on January 21, 2018 ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

„Македонија е грчка“,  „Името е нашата душа“, „Не го даваме и не го отстапуваме името“, „Македонија значи Грција“, беа главните пораки што ги испратија организаторите на протестот во Солун, против да се преговара за името Македонија.

Нешто повеќе од четири часа траеше официјалниот дел од собирот, а според грчката полиција, како што објави МИА , учествувале околу 90.000 граѓани од цела Грција кои со 284 автобуси пристигнале во Солун.

Според грчките медиуми, протестот, по масовноста ги надмина очекувањата, но ни приближно не наликуваше на демонстрациите од 1992.

Организаторите во нивните обраќања се задржаа на аргументите дека Грција не треба ниту да преговара ниту да прифати име во кое би бил вклучен терминот Македонија, бидејќи „Македонија била е и ќе остане грчка“. На присутните им се обрати и почесниот началник на Генералштабот на грчката армија Франгос Франгулис, кој во 2012 во тогашната службена влада еден месец беше министер за одбрана, во опширниот говор, меѓу другото побара во Грција да се одржи референдум пред да се потпише било каков договорот за името, но и „Скопје да признае грчко малцинство“.

– Нема да прифатиме прашање од типот на „Дали го прифаќате или не името Северна/Горна Македонија?“, туку бараме јасно прашање: “Ја прифаќате или не употребата на терминот Македонија?“, им рече на присутните Франгулис барајќи референдум во Грција. Порача дека нема да отстапат од нивните барања и доколку нема промена на ставот во однос на името Македонија, политичарите ќе се соочат со нив.

На собирот присутни беа пратеници од речиси сите опозициски партии, од Нова демократија, од Демократска алијанса, од Сојуз на централисти, од Златна зора, но и пратеници од коалициониот партнер во грчката влада, Независни Грци.

Официјалниот дел од собирот со обраќање го отвори солунскиот митрополит Антимос, со пораката: Македонија е Грција, Грција е Македонија. И покрај тоа што пред неколку дена рече дека поради препораката од архиепископот Јеронимос, нема да присуствува на протестот, сепак, Антимос, заедно со група митрополити и свештени лица пристигнаа во центарот на Солун.

По обраќањата на претставниците на здруженијата – организатори, собирот продолжи со музика, меѓутоа заврши ненадејно поради дождот.

Првичните коментари за протестот во онлајн изданијата на грчките медиуми, во поголемиот број опозициски ориентиран, се дека граѓаните преку масовниот собир упатија порака до владата во однос на преговорите за името. Протестот во живо, јавува дописникот на МИА од Атина, го емитуваа порталите, а не и грчките телевизии.

Контрапротест на левичарски и анархистички организации

Речиси во исто време со протестот за името, левичарски и анархистички организации одржаа контра протест, но одѕивот беше многу мал.

Пораките што тие ги упатија преку нивните плакати беа дека тие се „против секаков национализам, наша татковина е целата земја“ и „Ни капка крв за имиња и меѓу државни конфликти“ .

-За признавање на македонското малцинство, неговиот јазик и традиција и за безусловно враќање на македонските политички бегалци. Против грчкиот (и секој друг) национализам – економски империјализам. За заедничка борба на работничките организации во Грција-Македонија- Балканот, против капиталот и државите и нивните планови, беа пораките на плакатите.

Изолирани инциденти – запалено македонското знаме 

Најмалку пет мали инциденти се случија за време на масовниот протест во Солун.

Група демонстранти, според објавените фотографии и видео од солунскиот портал Thestival го запалиле македонското знаме, без при тоа да има дополнителни информации.

– Предмалку, лица што учествуваат на собирот за Македонија во Солун, го запалија знамето на пЈРМ. Потоа запалија факели и извикуваа слогани за Македонија, но и против градоначалникот на Солун, Јанис Бутарис, објави солунскиот портал.

Засега нема информации кои се лицата што го запалија македонското знаме, дали можеби се членови на некои навивачки групи на солунски фудбалски тимови или пак можеби се симпатизери или поддржувачи на Златна зора или пак станува збор за група демонстранти.

Според објавеното видео од солунскиот портал, додека двете лица го палат знамето насобраните граѓани аплаудираат и ја пеат грчката патриотска песна „Прочуена Македонија“.

За време на протестот, на мала оддалеченост од собирот, двокатна напуштена зграда, што во изминатиот период беше под опсада од анархистичка организација, од за сега непознати причини се запали, а противпожарната служба со 15 пожарникари и 6 возила се обидуваше да го изгаси пожарот.

Според дел од медиумите во Грција, пожарот бил подметнат и не ја исклучуваат можноста да настанал од фрлени молотови коктели од членови на десничарски организации. Сепак, официјална потврда нема за ваквите тврдења.

– Националистичкиот собир се чини дека им даде зелено светло на група фашисти да го нападне и запали објектот, објави порталот Лефт кој важи за гласник на владејачката СИРИЗА.

Во друг инцидент, група од 80-90 маскирани лица, веројатно анархисти, според грчките медиуми, се судрија со полицијата која употреби солзавец.

Кусо пред да заврши собирот, непознати лица го нападнале поранешниот заменик министер за образование Костас Зурарис. Додека пак претпладнево, според локалните медиуми, се случи мал инцидент, кога анархисти, со шишиња и камења нападнале група демонстранти, кои со грчки знамиња се упатувале кон протестот.

Бутарис за БТВ: Името Македонија не е закана за грчкиот идентитет 

Терминот „Македонија“ не е закана за идентитетот на Грција, изјави  градоначалникот на Солун, Јанис Бутарис по денешниот антимакедонски протест во градот.

-Луѓето се многу слабо информирани, си замислуваат разни работи и се плашат дека некој ќе ни ја украде историјата, а тоа не е вистина, изјави Бутарис за бугарската телевизија БТВ.

Солунскиот градоначалник изразил жалење дека  и  по 25 години расправии за името,  земјите се на истата позиција.

#контрапротест анахристи Грција запалена зграда Камара левичари Македонија протест Солун
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Трамп најверојатно ќе бара Би-би-си да му исплати отштета од една до пет милијарди долари

November 15, 2025

Автомобил удри во група луѓе – има повредени

November 14, 2025

Бугарија: Родителите на деца под 12 години ќе имаат скратено работно време или ќе можат да работат од далечина за време на летниот распуст

November 13, 2025

Мелони: Центрите за мигранти во Албанија наскоро ќе почнат со работа

November 13, 2025

Дијана Хрка одбива да се откаже од штрајкот со глад

November 12, 2025
ФОКУС

Скопје: Без збор – со мисла / 12:05 Ангелите со скопјани / протестен марш / 15 ноември 2025

ВЕСТИ November 15, 2025

Скопје: Без збор – со мисла /сабота, 15 ноември 2025

„Дојдете и бидете со нас“ повикаа родителите на настраданите во кочанската трагедија – Марш за Ангелите денеска во Скопје / Плоштад Македонија 12:05

November 15, 2025

Маршот на Ангелите утре во Скопје во 12:05 – родителите ги повикаа скопјани да им се придружат

November 14, 2025

Судиите до Мицкоски: Господине Премиер, ја поминавте границата на пристојност

November 14, 2025
ТИКЕР

Трамп најверојатно ќе бара Би-би-си да му исплати отштета од една до пет милијарди долари

November 15, 2025

Автомобил удри во група луѓе – има повредени

November 14, 2025

Бугарија: Родителите на деца под 12 години ќе имаат скратено работно време или ќе можат да работат од далечина за време на летниот распуст

November 13, 2025

Мелони: Центрите за мигранти во Албанија наскоро ќе почнат со работа

November 13, 2025

Дијана Хрка одбива да се откаже од штрајкот со глад

November 12, 2025
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.