НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025

Subscribe to Updates

Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.

НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

СОНК по повод 1 мај: Состојбата на работниците во земјава не е за славење

0
By Нова ТВ on May 1, 2020 ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Меѓународниот ден на трудот – 1 мај за првпат ќе биде одбележан онлајн, а првомајските празници ќе поминат со ограничено движење како една од мерките за справување со пандемијата на коронавирусот. Пандемијата што го промени начинот на живот и се рефлектира во сите сфери на живеење, ги натера синдикатите на размислување да го одбележат овој ден поразлично од досега. Наместо традиционалниот марш, годинава одбележувањето ќе биде онлајн, а барањата главно ќе бидат насочени кон тоа да се сочуваат работните места.

Здравствената криза предизвикана од коронавирусот се одрази и врз економскиот развој на државата и ја стави под знак прашалник ликвидноста на компаниите, а со тоа ги направи и понеизвесни работните места, поради што сè почести се апелите и реакциите на синдикатите да не се отпуштаат работници и да не се потпишуваат бланко договори.

Токму затоа мотото на првомајското одбележување на еден од најголемите синдикати во земјава – Сојузот на синдикати на Македонија (ССМ) е „Здрави и безбедни работници, сигурни работни места, достоинствени плати и социјална заштита“.

За ССМ во овие тешки моменти најважно е да се заштитат правата на работниците и нивните семејства и да не се дозволи ниту еден граѓанин да остане без основните средства за живот. До нив, како што велат, во изминатиот период пристигнале илјадници поплаки за отпуштање работници и кршење на работничките права по разни основи.

„По направените анализи заклучивме дека сите обраќања дојдоа од работници кои не се синдикално организирани. Кај работодавачите кај кои има синдикати, успеавме преку дијалог да ја избалансираме ситуацијата, па дури и да им помогнеме на работниците, но на некој начин и на работодавачите, кои се извор на основните приходи на нашите членови“, велат од ССМ.

Во првомајскиот проглас, Синдикат истакнува дека кризата и вонредната состојба не можат да бидат причина за суспендирање на социјалниот дијалог, колективното договорање и за кратење на работничките права.

„Работничките права се наш таргет, а последиците од кризата треба и мора да ги поднесат сите чинители во општеството и претставниците на капиталот и претставниците на трудот како две страни на една целина. Но, сега и во овој момент се додека трае здравствената криза нашата грижа и активности се насочени кон заштита на работничките права и обезбедување на еднаквост во поднесување на неминовните последици, економски и општествени за сите граѓани без дискриминација и поделби по било кој основ“, се вели во прогласот.

Со слични барања излезе и Самостојниот синдикат за образование, наука и култура (СОНК) кој во прогласот по повод 1 мај бара почитување на правото на социјален дијалог, мерки со кои ќе се сведе на минимум отпуштањето на работниците и да нема кратење на платите и додатоците на плата.

„СОНК стои на својот став дека, дури и во вакви околности, односно и во вонредна состојба на државата, мора да се почитува правото на социјален дијалог и партнерство, особено кога се работи за вакви осетливи прашања, што се однесуваат на социјалната сигурност на работниците“, се вели во првомајскиот проглас во кој се посочува дека нема да се приклучат кон прославувањето на 1 мај бидејќи, според нив, состојбата на работниците во земјава не е за славење.

Од СОНК укажуваат на потребата од консензус меѓу политичките субјекти во државата во овие кризни моменти со цел да се изнајдат најдобрите економски мерки и решенија за што побезболно да се надмине кризата.

Во пресрет на 1 мај вчера загриженост за економските и социјалните состојби во државата искажа Конфедерацијата на слободни синдикати (КСС). За нив е неприфатлив односот на дел од државните институции во делот на социјалниот дијалог во време кога земјата се соочува со пандемија.

„Загриженоста на КСС е уште пооправдана ако се има во предвид фактот дека се повеќе работници го губат своето работно место, а економските показатели покажуваат постојано влошување на состојбите, што е сосема спротивно од очекувањата, а особено и ветувањата на Владата“, истакнаа од КСС.

Тие укажуваат на сериозно кршење на одредби на закони и колективни договори, за што според нив постои опасност за еднострано суспендирање на Законот за работни односи. Претседателот на КСС Благоја Рапловски вели дека и годинава ќе ја продолжат праксата да го одбележат 1 мај со видео порака која ќе биде објавена на нивната Фејсбук страна.

Први мај оваа година ќе остане запаметен како ден кога целото синдикално движење во земјава ќе го одбележи Меѓународниот ден на трудот преку онлајн алатките. Во историјата на синдикалното организирање во земјава имаше и период кога наместо протести, 1 мај беше одбележан со кампањи насочени кон одредени области од заштитата на работничките права и беа иницирани и донесени неколку законски решенија, како што се Законот за мобинг и Законот за минимална плата.

Меѓународниот ден на трудот се празнува во знак на почит кон жртвите од штрајкот што се одржал од 1 до 4 мај во 1886 година во Чикаго, кога демонстрантите барале воведување осумчасовен работен ден. Организаторите на штрајкот биле изведени на суд, а четворица од нив биле погубени. Три години по настаните во Чикаго, на првиот Конгрес на Втората интернационала што се одржала во Париз во 1889 година е решено секоја година на 1 мај, во сеќавање на чикашките работници да се одржуваат масовни демонстрации.

Денот на трудот е државен празник во повеќе земји во светот. Во земјава од 2007 година за неработен ден е прогласен само 1 мај, а до 2006 година неработни беа 1 и 2 мај.

1 мај КСС Меѓународен ден Права празник работници СОНК ССМ
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Потврдена е првостепената пресуда против претседателот на Република Српска

August 1, 2025

Германија ќе испорача два системи „Патриот“ на Украина како дел од договорот со САД

August 1, 2025

Протест во Шабац против рудникот за литиум

August 1, 2025

Екс премиерот на Хрватска Санадер пуштен на условна слобода

July 31, 2025

Иран: САД мора да ни ја надомести штетата пред новите преговори

July 31, 2025
ФОКУС

Честитки од државниот за Илинден

ВЕСТИ August 2, 2025

Претседателката Гордана Сиљановска-Давкова по повод 2 Август, Илинден – Денот на Републиката, упати честитка до…

Одбележување на Илинден во Крушево, Пелинце и Скопје

August 2, 2025

Кијив: Ден на жалост по смртоносниот напад во кој загинаа најмалку 28 лица

August 1, 2025

Трамп ја намали царината за Македонија на 15 %

August 1, 2025

Претплати се на е-билтенот на НоваТВ

Добиј ги последните вести на твојата е-адреса.

CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.