Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
Фото: Фејсбук профил Салвјанка Петровска

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Сонот на Ердоган станува стварност: електромобили од турско производство

0
By Нова ТВ on December 28, 2019 СВЕТ
Фото: startitup.sk
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Saturday, December 28, 2019 13:26

Турција планира во 2022 година на пазарот да извади сопствен електричен автомобил. Во фабрика во провинцијата Бурса треба да се произведуваат до 175.000 автомобили годишно. Претседателот Реџеп Таип Ердоган со голема помпа ја претстави новата домашна марка на автомобили.

„Денеска е историски ден за нашата земја, се остварува нашиот 60- годишен сон“, изјави вчера Реџеп Таип Ердоган на презентацијата на прототипот на автомобил во Гебзе кај Истанбул и истовремено порача еден автомобил за себе.

Станува збор за електричен автомобил чие производство треба да започне во 2022 година, а името ќе биде познато во 2020 година. На бината Ердоган презентираше два автомобилски модела. Во новата фабрика треба да бидат ангажирани околу 4.000 вработени, а турскиот конзорциум кој стои зад инвестицијата, планира во развој на автомобилите да вложи преку три милијарди евра.

Сопствена турска марка автомобили е долгогодишна желба на турскиот претседател. Ердоган изјави дека Турција заслужува повеќе отколку да склопува автомобили на други автопроизводители. Земјата за првпат се обиде да произведе свој автомобил во 1961 година, под називот „Деврим“ (револуција), но неговото производство никогаш не ја надмина фазата на прототип.

Турскиот електричен автомобил е планирано прво да се продава во Европа, а потоа и низ светот. Проектот треба да ја симболизира растечката економска моќ на земјата, а владата финансиски го потпомага. Се зборува и за гаранција дека владата ќе купи 30.000 автомобили до крајот на 2035 година.

На автомобилската индустрија во Турција, каде произведуваат и фирми како Форд или Фиат, во последно време и` оди лошо. Во 2018 година внатрешниот пазар доживеа пад, меѓу другото и поради монетарната криза. Годинава, пак, германскиот автопроизводител Фолксваген ги стави на мраз плановите за подигање фабрика во Маниса, а причина е турската воена офанзива во северна Сирија.

Новиот проект за турски електромобили не може краткорочно да и` помогне на индустријата за излез од тешката ситуација, зашто автомобилите би стигнале на пазар дури во 2022 година, истакна шефот на Здружението на турските автомобилски лиферанти, Алпер Канџа, но доколку се` оди добро, профитот ќе се прикаже по три години. Цената на турските автомобили засега не е позната.

Електромобили Реџеп Таип Ердоган Турција
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Бугарската полиција откри огромен подземен град од канабис во стар рудник

April 30, 2026

Локација во Бугарија со 70 пати поголема радијација од нормалната – наредба за мерки за претпазливост

April 29, 2026

Косово на прагот на нови предвремени избори

April 29, 2026

Нов земјотрес од 6,2 степени ја погоди Јапонија

April 28, 2026

Протекоа документи: Албанската опозиција му платила на лобистот на Трамп со парите на Дерипаска

April 25, 2026
ФОКУС
May 3, 2026

Техеран: Иран испрати план од 14 точки до САД – Прекин на војната за 30 дена и нов режим за Ормуз

ВЕСТИ May 3, 2026

Техеран преку Пакистан достави мировен план до Вашингтон со кој бара укинување санкции, повлекување на…

103-ка

May 1, 2026

Скопје: „За плата се бориме, не се молиме“ – протест на Сојузот на синдикатите на Македонија

May 1, 2026

„Не се молиме“ – првомајски протест на ССМ за повисока минимална плата

May 1, 2026
ТИКЕР

Бугарската полиција откри огромен подземен град од канабис во стар рудник

April 30, 2026

Локација во Бугарија со 70 пати поголема радијација од нормалната – наредба за мерки за претпазливост

April 29, 2026

Косово на прагот на нови предвремени избори

April 29, 2026

Нов земјотрес од 6,2 степени ја погоди Јапонија

April 28, 2026

Протекоа документи: Албанската опозиција му платила на лобистот на Трамп со парите на Дерипаска

April 25, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.