Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

34 години АРМ: Од „боси по трње“ до рамноправна и достојна членка на НАТО

August 16, 2026

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Соочување: Оливер против Оливер во Антикорупциската комисија

0
By Нова ТВ on November 29, 2016 ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Tuesday, November 29, 2016 21:42

Антикорупциската комисија за в четврток закажа јавна седница на која ќе се разгледуваaт две претставки кои вчера ги поднеле дополнителниот заменик министер за внатрешни работи, Оливер Андонов, и коалицијата предводена од ВМРО-ДПМНЕ на претстојните избори.

Двата приговори се идентични, а се однесуваат на членот 8-а од Изборниот законик кој го уредува начинот на располагање и трошење на парите од буџетот за време на изборната кампања.

Дополнителниот заменик министер за внатрешни работи, Оливер Андонов, за НОВАТВ вели дека поднел претставка до Антикорупциска комисија, затоа што министерот Оливер Спасовски, вршел прераспределба на работни места во време кога се распишани изборите.

„Тоа што го прави Спасовски е спротивно на Законот за изборите. Станува збор за дваесетина лица на кои тој им направил прераспределба на работните места, иако тоа не смее да се прави откако ќе се распишат изборите“, вели Андонов во изјава за НОВАТВ.

Заменикот на Спасовски не сакаше да каже за какви работни места станува збор и рече дека се` пишува во документите кои Комисијата ќе ги разгледува на јавна седница во четврток.

Министерот Оливер Спасовски тврди дека не се вистина наводите на Андонов и оти во моментов нема никаква реорганизација во Министерството за внатрешни работи.

„Не постојат решенија за прераспеделување во МВР и од кога е почната кампањата не е донесено ниту едно такво решение. Постојат единствено наредби за пополнување на празни места каде што недостасува работен кадар, и тоа е претежно во пограничните појаси. Но, нема ниту едно единствено решение за прераспределба на било кого во МВР“, вели за НОВАТВ министерот Оливер Спасовски.

Според одредбата 8-а од Изборниот законик на која се повикува Андонов, во овој предизборен период не смее да се располага со пари од државниот буџет, ниту пак смее да се почне постапка за нови вработувања или пак делење на откази во државните институции.

НОВАТВ минатата недела објави дека во Здравствениот дом во Скопје, на стартот на кампањата, се вработиле 50 нови лекари и медицински сестри, а објаснувањето оттаму беше дека огласот за нови вработувања бил објавен пред да бидат распишани изборите.

Овој состав на Антикорупциската комисија за две години има одржано три прес конференции и важи за една од најнетранспарентните институции. Комисијата досега не поведе ниту еден случај по однос на извештаите на ОБСЕ/ОДИХР за прекршувања на Изборниот законик, иако имаат мандат да ги следат истите и да реагираат по допрен глас. Антикорупционерите не се произнесоа по ниту еден случај кој произлезе од прислушуваните разговори, како на пример случајот со плацевите на Водно на кумот на Груевски, или пак за скриениот имот на екс шефот на тајната полиција Сашо Мијалков во Чешка.

Јавната седница на антикорупционерите за предметот „Оливер против Оливер“ ќе се одржи задутре во 11 часот.

Антикорупциска комисија МВР Оливер Андонов Оливер Спасовски
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

77-ми протест против владата на Еди Рама

August 16, 2026

Анкета: Турската опозициска „Нова партија“ води со речиси осум отсто пред партијата на Ердоган

August 14, 2026

Масовен сајбер напад во Полска, украдени се медицински податоци на 19 милиони граѓани

August 13, 2026

Најмалку седум мртви во нападот врз училиште во Тајланд

August 7, 2026

СОЗИС: Украинците повеќе им веруваат на генералите отколку на Зеленски

August 7, 2026
shortcut
ФОКУС
August 16, 2026

Техеран го повика Вашингтон да признае воен пораз

ВЕСТИ August 16, 2026

Ормускиот теснец ќе се отвора и затвора исклучиво под команда на Иран, изјави заменик-шефот на…

Букурешт: Дуња Иванова четврта на Балканот во МТБ маратон во Романија – 73 км. должина и 2.400 м. висинска разлика

August 15, 2026

Њујорк Тајмс: Европа смислува свој формат за преговори за Украина

August 15, 2026

Поглед од морето кон Омиш во пламен – спасувачите објавиja морничава снимка

August 15, 2026
ТИКЕР

77-ми протест против владата на Еди Рама

August 16, 2026

Анкета: Турската опозициска „Нова партија“ води со речиси осум отсто пред партијата на Ердоган

August 14, 2026

Масовен сајбер напад во Полска, украдени се медицински податоци на 19 милиони граѓани

August 13, 2026

Најмалку седум мртви во нападот врз училиште во Тајланд

August 7, 2026

СОЗИС: Украинците повеќе им веруваат на генералите отколку на Зеленски

August 7, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.