Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Сорос заминува од Унгарија, ЕК смета дека е на штета на демократијата

20
By Нова ТВ on May 16, 2018 ВЕСТИ
Фото: Дојче веле
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Потпретседателот на Европската комисија Франс Тимерманс оцени дека е „жално“ заминувањето на фондацијата на милијардерот Џорџ Сорос од Унгарија, оценувајќи дека со тоа ќе „трпи“ демократијата во таа земја.

Фондацијата на унгарскиот милијардер Џорџ Сорос вчера и официјално најави дека ги затвора канцелариите во Будимпешта и се сели во Берлин како одговор, на како што го, нарече зголемен „репресивен политички и законски амбиент во Унгарија“.

Фондацијата „Отворено општество“ ги истакнува ограничувањата за невладините организации и кои се очекува да бидат меѓу првите законски приоритети на новиот состав во унгарскиот Парламент.

Овој потег на Фондацијата следи откако Орбан беше повторно избран за премиер.

Стоп Сорос

Заминувањето на Фондацијата „Отворено општество“ од Будимпешта уште во април го најави австрискиот весник „Ди Пресе“, но тогаш немаше официјална потврда.

Унгарскиот премиер Виктор Орбан ја нападна работата на американскиот милијардер со унгарско потекло, обвинувајќи го за мешање во внатрешните работи на земјата и за помагање на опозицијата.

Една од неговите цели беше Централно европскиот универзитет (ЦЕУ) со седиште во Будимпешта. Орбан во април лани донесе контроверзен закон за образование чиј таргет беше токму овој Универзитет чиј основач е Сорос.

Илјадници студенти одржаа протести против наводните реформи во образованието на Орбан, чиј повод беше токму овој закон, но пораката беше дека се воведува цензура.

Во октомври лани, Орбан му даде рок на Универзитетот од една година да се прилагоди на одредбите од законот.

Унгарскиот премиер повеќепати го обвини Сорос и ЕУ за мигрантската криза и одби да ги почитува правилата за згрижување на бегалците,.

Унгарската националистичка влада на чело со Орбан во јануари усвои нов пакет закони за борба против илегалната имиграција, за која вели дека ја поткопува европската стабилност и е делумно поттикната од милијардерот Џорџ Сорос.

Пакетот закони, наречен „Стоп Сорос“, предвидува задолжителна регистрација на некои невладини организации кои ја поддржуваат илегалната имиграција.

Исто така, ќе се воведе данок од 25% на сите странски донации што ги примаат невладини организации, а активистите би можеле да добијат ограничен пристап до унгарските граници на Европската Унија, кои се оградени откако мигрантите почнаа масовно да доаѓаат во 2015 година.

Стоп операција Сорос во Македонија

За време на власта на ВМРО ДПМНЕ, во јануари 2017 и во Македонија беше основана граѓанска организација Стоп операција Сорос, која преку црна кампања во медиумите под контрола на режимот на Никола Груевски ширеше лажни вести и навреди за новинари, политичари и други јавни личности.

Ова здружение ја етикетираше Фондацијата Сорос како „радикална левичарска и тоталитарна“, и дека нејзината цел е „да се избришат идентитети, народи и нации и да се создаде едно  „отвореноопштество“ со кое ќе управува некој од надвор“, што според нив „сериозно ја загрозува безбедноста на Македонија преку своето делување“.

Како негови основачи во медиуите се појавуваа новинарите Цветин Чилиманов, Ненад Мирчевски и Никола Србов.

Во ноември лани Владата на Зоран Заев ги затвори сите истраги што режимот на Груевски ги започна за наводна „десоросоизација“, по неговиот говор кон крајот на 2016, пред ДИК, кога упати закани и до странските претставници во земјава, по што тогашната власт започна хајка против 21 невладина организација кои ги етикетираше како „непријатели на власта и на државата“, а како нивен финансиер го посочуваа сопственикот на фондацијата Сорос, Џорџ Сорос.

Со месеци во истрагите беа вклучени и МВР и УЈП, но беа пронајдени никакви докази за сомнително работење или направени прекршоци.

Во март годинава, министрерот за внатрешни работи Оливер Спасовски на директна средба со невладините организации и граѓански здруженија кои беа цел на оваа хајка, им соопшти дека не постојат докази за обвинувањата кои беа основа за оваа истрага.

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Почит во Србија на 1.300 Македонци од Вардарскиот баталјон загинати во Првата светска војна кај Костолачка Коса

November 16, 2025

Трамп најверојатно ќе бара Би-би-си да му исплати отштета од една до пет милијарди долари

November 15, 2025

Автомобил удри во група луѓе – има повредени

November 14, 2025

Бугарија: Родителите на деца под 12 години ќе имаат скратено работно време или ќе можат да работат од далечина за време на летниот распуст

November 13, 2025

Мелони: Центрите за мигранти во Албанија наскоро ќе почнат со работа

November 13, 2025
ФОКУС

Брисел: Албанија утре го отвора последниот кластер во преговорите со ЕУ

ВЕСТИ November 16, 2025

Утре во Брисел ќе се одржи 7-та меѓувладина конференција, за пристапување на Албанија во Европската…

Скопје: Без збор – со мисла / 12:05 Ангелите со скопјани / протестен марш / 15 ноември 2025

November 15, 2025

„Дојдете и бидете со нас“ повикаа родителите на настраданите во кочанската трагедија – Марш за Ангелите денеска во Скопје / Плоштад Македонија 12:05

November 15, 2025

Маршот на Ангелите утре во Скопје во 12:05 – родителите ги повикаа скопјани да им се придружат

November 14, 2025
ТИКЕР

Почит во Србија на 1.300 Македонци од Вардарскиот баталјон загинати во Првата светска војна кај Костолачка Коса

November 16, 2025

Трамп најверојатно ќе бара Би-би-си да му исплати отштета од една до пет милијарди долари

November 15, 2025

Автомобил удри во група луѓе – има повредени

November 14, 2025

Бугарија: Родителите на деца под 12 години ќе имаат скратено работно време или ќе можат да работат од далечина за време на летниот распуст

November 13, 2025

Мелони: Центрите за мигранти во Албанија наскоро ќе почнат со работа

November 13, 2025
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.