Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
Фото: Фејсбук профил Салвјанка Петровска

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Фондацијата Сорос заминува од Унгарија

2
By Нова ТВ on April 20, 2018 ПОЛИТИКА
Фото: Дојче веле
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Friday, April 20, 2018 09:40

Фондацијата „Отворено општество“ на Џорџ Сорос ќе ја затвори канцеларијата во Будимпешта и ќе се пресели во Берлин, пишува австрискиот весник „Ди Пресе“.

Унгарската интернет страница „444.hu“ објави дека Канцеларијата на Фондацијата за отворено општество ќе биде затворена на 31 август и ќе биде преместена прво во Виена, па потоа во Берлин.

Засега нема официјална потврда ниту од Фондацијата, ниту од унгарските власти.

Унгарскиот премиер Виктор Орбан ја нападна работата на американскиот милијардер со унгарско потекло, обвинувајќи го за мешање во внатрешните работи на земјата и за помагање на опозицијата.

Една од неговите цели беше Централно европскиот универзитет (ЦЕУ) со седиште во Будимпешта. Орбан во април лани донесе контроверзен закон за образование чиј таргет беше токму овој Универзитет чиј основач е Сорос.

Илјадници студенти одржаа протести против наводните реформи во образованието на Орбан, чиј повод беше токму овој закон, но пораката беше дека се воведува цензура.

Од европарламентарците беа упатени остри критики на сметка на Орбан и барање да го повлече законот.

Во октомври лани, Орбан му даде рок на Универзитетот од една година да се прилагоди на одредбите од законот.

Унгарскиот премиер повеќепати го обвини Сорос и ЕУ за мигрантската криза и одби да ги почитува правилата за згрижување на бегалците,.

Унгарската националистичка влада на чело со Орбан во јануари усвои нов пакет закони за борба против илегалната имиграција, за која вели дека ја поткопува европската стабилност и е делумно поттикната од милијардерот Џорџ Сорос.

Пакетот закони, наречен „Стоп Сорос“, предвидува задолжителна регистрација на некои невладини организации кои ја поддржуваат илегалната имиграција.

Исто така, ќе се воведе данок од 25% на сите странски донации што ги примаат невладини организации, а активистите би можеле да добијат ограничен пристап до унгарските граници на Европската Унија, кои се оградени откако мигрантите почнаа масовно да доаѓаат во 2015 година.

Орбан се залага за построга легислатива за работата на невладините организации, потег што е критикуван од меѓународната заедница.

Мултимилионерот и филантроп Џорџ Сорос е роден во Унгарија.

Стоп операција Сорос во Македонија

За време на власта на ВМРО ДПМНЕ, во јануари 2017 и во Македонија беше основана граѓанска организација Стоп операција Сорос, која преку црна кампања во медиумите под контрола на режимот на Никола Груевски ширеше лажни вести и навреди за новинари, политичари и други јавни личности.

Ова здружение ја етикетираше Фондацијата Сорос како „радикална левичарска и тоталитарна“, и дека нејзината цел е „да се избришат идентитети, народи и нации и да се создаде едно  „отвореноопштество“ со кое ќе управува некој од надвор“, што според нив „сериозно ја загрозува безбедноста на Македонија преку своето делување“.

Како негови основачи во медиуите се појавуваа новинарите Цветин Чилиманов, Ненад Мирчевски и Никола Србов.

Во ноември лани Владата на Зоран Заев ги затвори сите истраги што режимот на Груевски ги започна за наводна „десоросоизација“, по неговиот говор кон крајот на 2016, пред ДИК, кога упати закани и до странските претставници во земјава, по што тогашната власт започна хајка против 21 невладина организација кои ги етикетираше како „непријатели на власта и на државата“, а како нивен финансиер го посочуваа сопственикот на фондацијата Сорос, Џорџ Сорос.

Со месеци во истрагите беа вклучени и МВР и УЈП, но беа пронајдени никакви докази за сомнително работење или направени прекршоци.

Во март годинава, министрерот за внатрешни работи Оливер Спасовски на директна средба со невладините организации и граѓански здруженија кои беа цел на оваа хајка, им соопшти дека не постојат докази за обвинувањата кои беа основа за оваа истрага.

Македонија Сорос Унгарија
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Анкета: Турската опозициска „Нова партија“ води со речиси осум отсто пред партијата на Ердоган

August 14, 2026

Масовен сајбер напад во Полска, украдени се медицински податоци на 19 милиони граѓани

August 13, 2026

Најмалку седум мртви во нападот врз училиште во Тајланд

August 7, 2026

СОЗИС: Украинците повеќе им веруваат на генералите отколку на Зеленски

August 7, 2026

Рачна бомба експлодира пред зграда во главниот српски град – оштетени автомобили и локали

August 6, 2026
shortcut
ФОКУС
August 15, 2026

Њујорк Тајмс: Европа смислува свој формат за преговори за Украина

ВЕСТИ August 15, 2026

Франција, Германија и Велика Британија работат на сопствен формат за преговори во врска со украинската…

Поглед од морето кон Омиш во пламен – спасувачите објавиja морничава снимка

August 15, 2026

Гостиварчани конечно се напија и од своите домашни чешми

August 14, 2026

Денеска ќе се знае дали гостиварчани конечно ќе пропијат вода од чешма

August 14, 2026
ТИКЕР

Анкета: Турската опозициска „Нова партија“ води со речиси осум отсто пред партијата на Ердоган

August 14, 2026

Масовен сајбер напад во Полска, украдени се медицински податоци на 19 милиони граѓани

August 13, 2026

Најмалку седум мртви во нападот врз училиште во Тајланд

August 7, 2026

СОЗИС: Украинците повеќе им веруваат на генералите отколку на Зеленски

August 7, 2026

Рачна бомба експлодира пред зграда во главниот српски град – оштетени автомобили и локали

August 6, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.