Слаб земјотрес со јачина од три степени според Рихтеровата скала е регистриран во централниот дел на Албанија, а вибрациите на тлото се почувствувале и во Тирана.

Епицентарот на земјотресот ил на 16 километри од Елбасан, пренесува „Еј-Би-Си“. Колку за потсетување, во изминатиот период во Албанија се почувствуваа серија земјотреси од кои најсилен беше оној на 21 септември.

Еден степен послаб земјотрес е почувствуван рано утрово и во околината на Ивањица. Потресот е регистриран во 4:17 часот, објави Сеизмолошкиот завод на Србија.

Во соопштението се смирува јавноста бидејќи како што се наведува „земјотреси со јачина од два степена не би требало да предизвикаат последици, тие едвај се чувствуваат, без ефект и оштетувања“.