Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

34 години АРМ: Од „боси по трње“ до рамноправна и достојна членка на НАТО

August 16, 2026

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Советот на Општина Центар без претседател: Јана Белчева се повлече од функцијата

0
By Нова ТВ on May 4, 2020 ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Monday, May 4, 2020 15:58

Јана Белчева-Андреевска се повлекува од функцијата претседател на Советот на Општина Центар. Причините за одлуката ги објави во обемен пост на својот Фејсбук профил во кој, меѓу другото, напиша дека „не може да се приклучи кон група во која мнозинството не е подготвено за прогрес, кое лесно се приклучува со калкулации за личен бенефит и комфор и не сака да биде дел од тим без желба за транспарентност“. Таа притоа се огради од одлуките што ќе бидат донесени на денешната седница на Советот, иако, како што наведува, дел од предлозите се нејзини.

Демократијата, вели Белчева-Андреевска, подразбира носење одлуки и политики со мнозинство на гласови во колектив, во тим, во група. Непознавајќи, пишува во постот, како тоа изгледа во други управувачки тела во државата, „ќе зборувам за она што видов и доживеав на ниво на Општински Совет. И не на било кој Совет, туку на Совет во најцентралната Општина во државава претендент за ЕУ“.

„Верував дека размислувањето како тим и група, во овој случај Совет, може да ја надмине индивидуалната пристрасност и значително да го подобри квалитетот на резултатот. За реализирање на потенцијалот на мудроста на групата потребна е достапност на сите важни, потребни и критични информации, како и уважување на поединечните знаења и експертиза на членовите на групата. Верував дека работата на општинските служби раководени од градоначалникот ќе бидат унапредени, а барањата на граѓаните и нивните сугестии ќе се слушаат и разгледуваат со респект. Но, сето ова е можно само ако внимателно се постават процесите за соработка, но и се внимава на составот на целиот тим, во овој случај и кој сè е член на Совет и кој раководи со општината“, нагласува Белчева-Андеевска во постот.
Донесувањето лоши одлуки, според неа, е најчесто случај ако се преферира групна хармонија над независноста на мислата, над аргументите и анализираните достапни информации. Групната хармонијата во Центар, вели таа, „се потхранува и со неа се тргува, а тоа води кон неефективно донесување одлуки“.
„Таа групна хармонија во Центар не е партиска, нема идеологија, туку е со друга поларизација, па затоа се случуваат екстремни, ризични, конзервативни или назадни решенија. Приклонувањето кон таква групна хармонија значи и лично помирување дека понапредни, поразумни или стручно/научно сугерирани одлуки се невозможни. Јас неможам да се приклонам кон група во која мнозинството не е спремно за прогрес, не сакам да сум во мнозинство кое лесно се приклонува калкулирајќи со личен бенефит или конфор, не сакам да сум дел од тим без желба за транспарнтност, споделување, но и знаење и информации потребни за да донесат одлуки. Не сакам да сум со мнозинство кое нема капацитет ниту волја за размислување, за идеи, прашања, дебати, критички информации“, потенцира досегашната претседателка на Советот на Општина Центар.
Белчева-Андреевска во постот наведе и дека се оградува од одлуките што ќе се донесат на денешната седница на Советот, иако дел од предлозите се нејзини, за што ги наведе и причините.
„Се оградувам бидејќи општината дозволи упад во процедурата на закажување на продолжение на седница, одржува Совет кој не сум го свикала и селективно избира кој ќе биде информиран за присуство. Дополнително, со постапките денес се заобиколуваат и уредбите на Владата за работа на Советот. Се нема интерес да се дознае како се спроведуваат одлуките ниту надлежностите на службите во општината, нема интерес да се знае како се реализира буџетот за да се предвидат и предложат приоритетните активности, се нема иницијатива за прогрес, туку напротив, се дозволуваат назадни, ризични, конзервативни и нетранспарентни процеси. Многу пати претходно бев ставена во позиција да потпишувам одлуки за кои сум гласала против, но мнозинството гласало за. Се оградував низ издвоени мислења, некогаш сама некогаш со други колеги“, истакнува Белчева-Андреевска.
Таа укажува на потребата на сериозни и долгорочни реформи на локално ниво во земјава. Процедурите на ангажирање, избирање, именување и вработување, составот на тимовите, мерењето и мониторингот на општинската работа, како и перформансите, мора да се следат и да се вреднуваат внимателно, порачува Белчева-Андеевска, а личниот и професионалниот развој на избраниците е важен за тимот/Советот да биде мнозински програсивен.
На крај вели дека „емоциите не може да се одвојат секогаш од разумот. Донесувањето одлуки мора да биде усогласено со потребата за креирање средина на доверба во институцијата наместо непредвидливост, неинформираност, па дури и несигурност и лутина. Системска трансформација ни е насушно потребна за да ја вратиме довербата и во демокртијата и во политиката и во политичарите, особено локалните, како оние во Центар“.
Јана Белчева-Андреевска Општина Центар оставка претседателка Совет
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

77-ми протест против владата на Еди Рама

August 16, 2026

Анкета: Турската опозициска „Нова партија“ води со речиси осум отсто пред партијата на Ердоган

August 14, 2026

Масовен сајбер напад во Полска, украдени се медицински податоци на 19 милиони граѓани

August 13, 2026

Најмалку седум мртви во нападот врз училиште во Тајланд

August 7, 2026

СОЗИС: Украинците повеќе им веруваат на генералите отколку на Зеленски

August 7, 2026
shortcut
ФОКУС
August 16, 2026

Техеран го повика Вашингтон да признае воен пораз

ВЕСТИ August 16, 2026

Ормускиот теснец ќе се отвора и затвора исклучиво под команда на Иран, изјави заменик-шефот на…

Букурешт: Дуња Иванова четврта на Балканот во МТБ маратон во Романија – 73 км. должина и 2.400 м. висинска разлика

August 15, 2026

Њујорк Тајмс: Европа смислува свој формат за преговори за Украина

August 15, 2026

Поглед од морето кон Омиш во пламен – спасувачите објавиja морничава снимка

August 15, 2026
ТИКЕР

77-ми протест против владата на Еди Рама

August 16, 2026

Анкета: Турската опозициска „Нова партија“ води со речиси осум отсто пред партијата на Ердоган

August 14, 2026

Масовен сајбер напад во Полска, украдени се медицински податоци на 19 милиони граѓани

August 13, 2026

Најмалку седум мртви во нападот врз училиште во Тајланд

August 7, 2026

СОЗИС: Украинците повеќе им веруваат на генералите отколку на Зеленски

August 7, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.