Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

СП во кошарка за мажи: Шпанија, Италија и Србија почнаа со „стотки“

0
By Нова ТВ on August 31, 2019 СПОРТ
Фото: fiba.basketball
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Шпанија, Италија и Србија во голем стил го започнаа учеството на 18. Светско првенство во кошарка во Кина и како да се натпреваруваа која селекција ќе постигне најмногу поени и воедно ќе прими најмалку. „Црвената фурија“ во меч од првото коло во групата Ц го разби Тунис со 101:62, „азурите“ го декласираа тимот на Филипини со 108:62 во групата Д во која популарните „орли“ на Александар Ѓорѓевиќ ја „оддуваа“ Ангола со 105:59.

Шпанските кошаркари помалку опуштено влегоа во мечот со тунискиот национален тим. Воведната четвртина ја загубија со пола кош разлика (16:17), во еден момент од првиот дел имаа и минус 10 по што ја стегнаа одбраната и нештата дојдоа на свое место. На одмор заминаа со плус 3 (42:39), а во третиот и последниот период од средбата приредија канонада врз противничкиот кош за убеливи 39 поени разлика на крајот.

Италијанците, пак, тргнаа силно и победата ја трасираа уште во почетните 10 минути од средбата со азискиот аутсајдер што ги добија со 37:8. Се останато што следуваше беше чиста рутина како загревање за Ангола во второто коло.

Репрезентацијата на Србија, која во Кина отпатува како една од најсериозните кандидати за преземање на златото од САД, го претвори во тренинг мечот со Ангола. Ги реши во своја корист сите четири периоди и последниот звук на сирената го дочека со плус 46 на семафорот во Фошан.

Новиот светски кошаркарски владетел ќе биде познат на 15 септември. Дотогаш на турнирот во Кина ќе се одиграат 92 натпревара. Титулата ја брани САД, а во улога на дебитанти се Црна Гора и Чешка додека Полска за прпат е мундијалски учесник по 1967 година.

СП во кошарка (м)

Група А, 1  коло

Брегот на Слоновата Коска – Кина 55:70

Полска – Венецуела 80:69

Група Б, 1 коло

Аргентина – Јужна Кореја 95:69

Русија – Нигерија 82:77

Група Ц, 1 коло

Шпанија – Тунис 101:62

Иран – Порторико 81:83

Група Д, 1 коло

Филипини – Италија 62:108

Ангола – Србија 59:105

Италија кошарка СП 2019 Србија Шпанија
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Трамп најверојатно ќе бара Би-би-си да му исплати отштета од една до пет милијарди долари

November 15, 2025

Автомобил удри во група луѓе – има повредени

November 14, 2025

Бугарија: Родителите на деца под 12 години ќе имаат скратено работно време или ќе можат да работат од далечина за време на летниот распуст

November 13, 2025

Мелони: Центрите за мигранти во Албанија наскоро ќе почнат со работа

November 13, 2025

Дијана Хрка одбива да се откаже од штрајкот со глад

November 12, 2025
ФОКУС

Скопје: Без збор – со мисла / 12:05 Ангелите со скопјани / протестен марш / 15 ноември 2025

ВЕСТИ November 15, 2025

Скопје: Без збор – со мисла /сабота, 15 ноември 2025

„Дојдете и бидете со нас“ повикаа родителите на настраданите во кочанската трагедија – Марш за Ангелите денеска во Скопје / Плоштад Македонија 12:05

November 15, 2025

Маршот на Ангелите утре во Скопје во 12:05 – родителите ги повикаа скопјани да им се придружат

November 14, 2025

Судиите до Мицкоски: Господине Премиер, ја поминавте границата на пристојност

November 14, 2025
ТИКЕР

Трамп најверојатно ќе бара Би-би-си да му исплати отштета од една до пет милијарди долари

November 15, 2025

Автомобил удри во група луѓе – има повредени

November 14, 2025

Бугарија: Родителите на деца под 12 години ќе имаат скратено работно време или ќе можат да работат од далечина за време на летниот распуст

November 13, 2025

Мелони: Центрите за мигранти во Албанија наскоро ќе почнат со работа

November 13, 2025

Дијана Хрка одбива да се откаже од штрајкот со глад

November 12, 2025
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.