Србија е нов светски одбојкарски првак во женска конкуренција. До премиерната титула во историјата, националниот тим на северниот сосед стигна по триумфот над Италија со 3:2 (по сетови: 21:25, 25:14, 23:25, 25:19, 15:12) во финалето на мундијалот во Јапонија.

Српските одбојкарки се први кои успеаја да ги обединат европската и светската титула од 1990 година. Последен пат во тоа успеа селекцијата на поранешниот СССР.

Бронзениот медал го освои Кина по максималната победа над Холандија со 3:0 (по сетови: 25:22, 25:19, 25:14). Бранителот на титулата, САД, на крајот заврши на петтото место во генералниот пласман по триумфот над Јапонија со 3:1 (по сетови: 25:23, 25:16, 23:25, 25:23).