Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

СП во ракомет: Франција како на тренинг со Исланд, прв гол прими по 13 минути

0
By Нова ТВ on January 20, 2019 СПОРТ
Фото: handball19.com
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Франција го совлада Исланд со 31:22, го презеде врвот на табелата во групата Е и направи голем исчекор кон полуфиналето на 26. Светско првенство во ракомет во Германија и во Данска. „Триколорите“ ги одработија Исланѓаните како на тренинг, одлично влегоа во мечот, нанижаа 6 гола, а првиот го примија по 13 минути игра. „Викинзите“ успеаја до полувреме да се доближат на подносливи минус 4 (15:11), но составот на Дидие Динар додаде гас во продолжението за рутински триумф на крајот.

Валентин Порте и Мелвин Ричардсон постигнаа по пет гола за актуелниот светски првак колку и Елвар Орн Јонсон за Исланд. Голем придонес во убедливата победа имаше и голманот Венсан Жерар кој го заврши натпреварот со 14 интервенции.

Франција е лидер во групата Е со седум бода од чети меча, Германија е втора со пет бода од три меча, а трета е Хрватска со 4 бода. „Коцкестите“ попладнево искомпромитираа се што направија во прелиминарната фаза во Минхен, но и шансите за полуфинале по изненадувачкиот пораз од Бразил со 26:29. Хрватските ракометари сами се доведоа во ситуација да одат по потешкиот пат до големата четворка за што им требаат победи во дуелите со Германија и со Франција.

Нареден ривал на Хрватска е Германија (21 јануари, 20.30 ч.) по што ќе следува ден одмор, па мечот со Франција во среда (18 ч.).

Фаворитите се оправдаа во таква улога во групата Ф. Норвешка триумфира над Египет со 32:28 додека Унгарија беше подобра од Тунис со 26:21.

СП во ракомет (м) – главна фаза

Група Е

Исланд – Франција 22:31

Бразил – Хрватска 29:26

Табела: Франција 7 (4 меча), Германија 5 (3), Хрватска 4 (3), Шпанија 2 (3), Бразил 2 (3), Исланд 0 (4).

Двојки за понеделник (21 јануари): Шпанија – Бразил (18 ч.), Хрватска – Германија (20.30 ч.)

Група Ф

Норвешка – Египет 32:28

Унгарија – Тунис 26:21

Табела: Данска 6 (3 меча), Шведска 6 (3), Норвешка 4 (3), Унгарија 3 (4), Египет 1 (3), Тунис 0 (4).

Двојки за понеделник (21 јануари): Шведска – Норвешка (18 ч.), Египет – Данска (20.30 ч.)

Президент куп

За 13 место: Русија – Катар 28:34

За 15 место: Македонија – Чиле 32:30

За 17 место: Србија – Аргентина 28:30

За 19 место: Бахреин – Австрија 27:29

За 21 место: Кореја – Саудиска Арабија 26:27

За 23 место: Јапонија – Ангола 29:32

Исланд Ракомет (м) СП 2019 Франција
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Пукотници на универзитет во Пенсилванија: Една жртва и шест повредени

October 26, 2025

Двајца словенечки министри дадоа оставки по убиството во Ново Место

October 26, 2025

Косовското собрание не го избра Курти за премиер

October 26, 2025

Француската полиција уапсила двајца осомничени за грабежот во Лувр

October 26, 2025

Лидерите на Тајланд и Камбоџа потпишаа проширен договор за прекин на огнот во присуство на Трамп

October 26, 2025
ФОКУС

Трамп до Путин: Нема да губам време

ВЕСТИ October 26, 2025

 Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека нема да се сретне со рускиот претседател Владимир Путин…

Родителите на загинатите во „Пулс“: Каде беа институциите кога ни изгореа децата?

October 25, 2025

Католичките свештеници за помалку од пет години сексуално злоупотребиле 4.451 лица

October 24, 2025

Данела Арсовска: Советот на Град Скопје и Управниот одбор се одговорни за состојбата во „Комунална хигиена“

October 23, 2025
ТИКЕР

Пукотници на универзитет во Пенсилванија: Една жртва и шест повредени

October 26, 2025

Двајца словенечки министри дадоа оставки по убиството во Ново Место

October 26, 2025

Косовското собрание не го избра Курти за премиер

October 26, 2025

Француската полиција уапсила двајца осомничени за грабежот во Лувр

October 26, 2025

Лидерите на Тајланд и Камбоџа потпишаа проширен договор за прекин на огнот во присуство на Трамп

October 26, 2025
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.