Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

34 години АРМ: Од „боси по трње“ до рамноправна и достојна членка на НАТО

August 16, 2026

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

СП во ракомет: Шпанија победи, Македонија не разочара

1
By Нова ТВ on January 18, 2017 СПОРТ
Фото: francehandball2017.com
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Wednesday, January 18, 2017 23:36

Македонија го претрпе и вториот пораз на ракометниот шампионат во Франција. Шпанија вечерва беше, резултатски, подобра со 29:25 во четвртото коло и изби на челната позиција во групата Б. Ривера со 11 гола беше најефикасен на средбата, Кире Лазаров ги предводеше „црвено-жолтите“ со шест гола од кои два од пенал линијата. За неполни 24 часа македонските репрезентативци (утре попладне, 17,45 ч.) ќе играат со Исланд за третото место во групата за избегнување на Франција и за дуел со Норвешка во осминафиналето.

Фото: francehandball2017.com

Одлично издание на „црвено-жолтите“ во првото полувреме. Конечно имаа влез во натпревар во кој важеа за аутсадери каков немаа во оние два во кои беа фаворити и секако против Словенија, влез каков што посакуваше Червар и целокупната јавност. Отсуството на притисок го стори своето кај селекцијата на Македонија. Свесна дека нема што да загуби, заигра послободно, беше рамноправна, искористи моменти и да подари атракции на гледачите, па и ефектот го отсликаа и бројките на семафорот (14:14).

Фото: francehandball2017.com

Лазаров со два цепелина за „фуријата“, еден на Миркуловски

Белег на првите 30 минути беа двата дуплекс цепелина што со ефектна завршница на Кире Лазаров по асистенции на Дејан Манасков и на Гоце Георгиевски. Комплетната одбрана на „фуријата“ како и голманот Перез де Варгас беа гледач повеќе во арената во Мец во моментите за ТВ шпици. Головите што ги постигна капитенот, без дилема, се најубавите во групната фаза на мундијалот, а можеби ќе конкурираат и за најубави на целокупниот шампионат. Во второто полувреме капитенот во улога на асистент, Миркуловски во улога на егзекутор.

Шпанците додадоа гас во продолжение

Второто полувреме донесе подруга слика во која главниот збор го имаше ривалот. Ја стегна одбраната, додаде гас во нападот, малку падна концетрацијата и кај „црвено-жолтите“ што, како микс, и резултатот почна да натежнува на страна на репрезентацијата со двајца „вардарци“ (Душебаев и Кањелас) и дел од соиграчите на Лазаров во Барселона.

„Петте минути“ значеа одлепување на Шпанците на безбедна разлика што знаеја и како да ја приведат до крај. До 50-та минута заостанувањето и се гледаше достижно како предуслов за одржување на тензија меѓутоа во завршните десетина минути се претвори во недостижно. Составот на Рибера не попушти во темпото, принудуваше на грешки на кои се надоврза и Перез де Варгас со неколкуте интервенции за конечни 29:25.

Фото: francehandball2017.com

Македонија нема причина да биде разочарана. Одигра добар меч, покажа дека може да се носи и со голема репрезентација каква е Шпанија и ја подигна самодовербата пред Исланѓаните против кои, исто така, ги очекува тежок ракометен час. Од исходот ќе зависи и наредниот противник на мундијалот, а настапот ќе покаже колку вечерашниот ставил трага на физички и на психолошки план кај избраниците на Лино Червар.

Македонија – Шпанија 25:29 (14:14)

„Арена во Мец“. Гледачи: 4.000. Судии: Гателис/Мазеика од Литванија

Македонија: Колев (4 одбрани), Трајковски (4 одбрани) 1, Манасков 2, Стоилов 3, К. Лазаров 6, Митков, Дрогришки, Талески, Миркуловски 4, В. Маркоски, Н. Маркоски 5, Георгиевски 3, Ф. Лазаров, Ојлески, Поповски, Нелоски 1. Селектор: Лино Червар

Седмерци: 2/2. Исклучувања: 4 минути. Загубени топки: 12

Шпанија: Де Варгас (13 одбрани), Коралес, Гурбиндо, Фернандез 2, Ривера 11, Томас 2, Ентрериос, Душебаев 5, Сармиенто 3, Агинагалде, Кањелас 1, Морос 1, Гвардиола 1, Гони 1, Балагер 1, Фигерас 1. Селектор: Жорди Роман Рибера

Седмерци: 5/5. Исклучувања: 4 минути. Загубени топки: 12

 

СП во ракомет

Група Б, 4. коло

Македонија – Шпанија 25:29

Шпанија – Ангола 42:22

Словенија – Тунис 28:28

Табела: Шпанија 8, Словенија 7, Македонија 4, Исланд 3, Тунис 2, Ангола 0

Група Ц, 4. коло

Хрватска – Чиле 37:22

Белорусија – Германија 25:31

Саудиска Арабија – Унгарија 24:37

Табела: Германија 8, Хрватска 8, Унгарија 4, Белорусија 2, Чиле 2, Саудиска Арабија 0

Група Д, 4. коло

Шведска – Катар 36:25

Данска – Бахреин 30:26

Аргентина – Египет 26:31

Табела: Данска 8, Шведска 6, Египет 6, Катар 4, Бахреин 0, Аргентина 0

 

 

Кире Лазаров Македонија СП во ракомет Шпанија
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

77-ми протест против владата на Еди Рама

August 16, 2026

Анкета: Турската опозициска „Нова партија“ води со речиси осум отсто пред партијата на Ердоган

August 14, 2026

Масовен сајбер напад во Полска, украдени се медицински податоци на 19 милиони граѓани

August 13, 2026

Најмалку седум мртви во нападот врз училиште во Тајланд

August 7, 2026

СОЗИС: Украинците повеќе им веруваат на генералите отколку на Зеленски

August 7, 2026
shortcut
ФОКУС
August 16, 2026

Техеран го повика Вашингтон да признае воен пораз

ВЕСТИ August 16, 2026

Ормускиот теснец ќе се отвора и затвора исклучиво под команда на Иран, изјави заменик-шефот на…

Букурешт: Дуња Иванова четврта на Балканот во МТБ маратон во Романија – 73 км. должина и 2.400 м. висинска разлика

August 15, 2026

Њујорк Тајмс: Европа смислува свој формат за преговори за Украина

August 15, 2026

Поглед од морето кон Омиш во пламен – спасувачите објавиja морничава снимка

August 15, 2026
ТИКЕР

77-ми протест против владата на Еди Рама

August 16, 2026

Анкета: Турската опозициска „Нова партија“ води со речиси осум отсто пред партијата на Ердоган

August 14, 2026

Масовен сајбер напад во Полска, украдени се медицински податоци на 19 милиони граѓани

August 13, 2026

Најмалку седум мртви во нападот врз училиште во Тајланд

August 7, 2026

СОЗИС: Украинците повеќе им веруваат на генералите отколку на Зеленски

August 7, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.