Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

СП во ракомет: Шведска ја збриша Ангола, Шпанија со пресврт ја доби Јапонија

0
By Нова ТВ on January 14, 2019 СПОРТ
Фото: handball19.com
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Шест репрезентации имаат максимален ефект по три одиграни кола во прелиминарната фаза на ракометното Светско првенство. Сите шест се европски, половината од нив се скандинавски. Една од нив е Шведска која во вечерниот термин во групата Д ја збриша Ангола со 37:19 и го задржа лидерското место во групата Д.

Данска и Норвешка се доминантни во групата Ц и нивниот меѓусебен дуел ќе решава за превласт на табелата. Данците во третата рунда ја поразија Саудиска Арабија со 34:22 додека Норвежаните со двоцифрена разлика ` одржаа лекција на Австрија (34:24).

Хрватска и Шпанија го водат главниот збор во групата Б. „Коцкестите“ со 31:22 попладнево ја совладаа Македонија, а Шпанците со пресврт во второто полувреме славеа над Јапонија со 26:22, откако на полувреме заминаа со минус 1 (10:11).

Франција е неприкосновена во групата А. Шампионот од последните два мундијала триумфира и над обединетиот тим на Кореја со 34:23 и се одржа на врвот на табелата. На чекор до пласман во вториот круг се и Русија и Германија по меѓусебното реми попладнево во Берлин, а чекор назад направи Србија која во првиот меч од третото коло во „Мерцедес Бенц арена“ загуби од Бразил со 22:24.

СП во ракомет (м)

Група А, 3 коло

Франција – Кореја 34:23

Русија – Германија 22:22

Србија – Бразил 22:24

Табела: Франција 6, Германија 5, Русија 4, Бразил 2, Србија 1, Кореја 0.

Идно коло (вторник): Русија – Бразил (15.30 ч.), Кореја – Србија (18 ч.), Германија – Франција (20.30 ч.)

Група Б, 3 коло

Шпанија – Јапонија 26:22

Хрватска – Македонија 31:22

Исланд – Бахреин 36:18

Табела: Хрватска 6, Шпанија 6, Македонија 4, Исланд 2, Јапонија 0, Бахреин 0.

Идно коло (среда): Јапонија – Исланд (15.30 ч.), Хрватска – Бахреин (18 ч.), Македонија – Шпанија (20.30 ч.)

Група Ц, 3 коло

Тунис – Чиле 36:30

Норвешка – Австрија 34:24

Данска – Саудиска Арабија 34:22

Табела: Данска 6, Норвешка 6, Австрија 2, Тунис 2, Чиле 2, Саудиска Арабија 0.

Идно коло (вторник): Саудиска Арабија – Тунис (16.15 ч.), Норвешка – Чиле (18.30 ч.), Австрија – Данска (20.45 ч.)

Група Д, 3 коло

Шведска – Ангола 37:19

Аргентина – Египет 20:22

Унгарија – Катар 32:26

Табела:  Шведска 6, Унгарија 5, Катар 2, Египет 2, Ангола 2, Аргнтина 1.

Идно коло (среда): Ангола – Аргентина (15.30 ч.), Унгарија – Египет (18 ч.), Катар – Шведска (20.30 ч.)

Ракомет (м) СП 2019 Шведскаа Шпанија
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Меркел: Дали Путин ќе ја нападнеше Украина ако не се случеше пандемијата?

October 6, 2025

Се преврте чамец со 11луѓе во Дунав кај Бачка Паланка, има настрадани

October 6, 2025

Довербата во германската владина коалиција падна на рекордно ниско ниво

October 5, 2025

Турските власти го забранија концертот на Роби Вилијамс во Истанбул поради безбедносни причини

October 5, 2025

„Златна треска“ во приморкса Бугарија по веста дека поплавата однела сеф со милиони лева и со и златни прачки

October 5, 2025
ФОКУС

НБ: Преку СЕПА, од утре побрзи и поевтини плаќања во евра за граѓаните и компаниите

ВЕСТИ October 6, 2025

Започнувајќи од утре, граѓаните и компаниите ќе можат да ги извршуваат плаќањата во евра со…

Во Египет почнаа индиректни преговори помеѓу Израел и Хамас

October 6, 2025

По само нецел месец францускиот премиер Себастијан Лекорну поднесе оставка

October 6, 2025

Израел и Хамас почнуваат преговори во Египет за мировниот план на Трамп за Газа

October 6, 2025
ТИКЕР

Меркел: Дали Путин ќе ја нападнеше Украина ако не се случеше пандемијата?

October 6, 2025

Се преврте чамец со 11луѓе во Дунав кај Бачка Паланка, има настрадани

October 6, 2025

Довербата во германската владина коалиција падна на рекордно ниско ниво

October 5, 2025

Турските власти го забранија концертот на Роби Вилијамс во Истанбул поради безбедносни причини

October 5, 2025

„Златна треска“ во приморкса Бугарија по веста дека поплавата однела сеф со милиони лева и со и златни прачки

October 5, 2025
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.